Mazda подготвува наследник на спортското купе RX-8

Пристигаат гласини за развојот на модел со заден погон од марката Mazda. Новиот модел ќе ја носи ознаката RX-9, како идеен наследник на спектакуларните купеа RX-7 и RX-8.

Од добро информираниот Australian Motoring пристигаат гласини дека Mazda подготвува спортско купе, коешто ќе ја користи платформата на актуелниот модел од средната класа, Mazda 6, но истата ќе биде модифицирана за погон на задната оска. Информацијата доаѓа од извори блиски до производителот.

Спортскиот модел ќе го покаже лицето кон крајот на 2017 година, веројатно како концептен автомобил. Јапонската марка се подготвува за одбележување на 50-годишнината од легендарниот модел Mazda Cosmo Sport во 1967 година и претставувањето на новиот спортски модел ќе биде совршен чин за важната пригода. Шефовите на Mazda лани објавија дека не се планира наследник на RX-8, но очигледно е дека плановите во меѓувреме се промениле.

Останува неизвесноста дали новата Mazda RX ќе добие ванкел мотор под хаубата и со тоа ќе ја продолжи вредната традиција на своите претходници. Моторите со ротирачки клипови имаат големи проблеми да ги исполнат идните норми за издувни гасови, со промена на постоечките технологии. Примената на хибриден погон, со којшто потрошувачката на гориво, а со тоа и емисијата на штетни материи би се смалила драстично, нема да има смисла во спортското купе со ванкел мотор. Но, светот никогаш не знае што уште се крие во фиоките на развојните одделенија на производителите на автомобили.

Погледнете ги во галеријата досегашните модели на спортското купе со ванкел мотор на Mazda.

Претходна објаваПродажбата на електричните лимузини на Tesla зголемена за преку 50 проценти
Следна објаваCitroen се откажува од хидропневматиката

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here