Mazda повикува во сервис 1,2 милион возила во САД

Mazda мора да повика во сервис 1,2 милион возила во САД поради отстранување на пропустот во анласерите. Кај овие возила постои опасност од прегревање на анласерот и настанување пожар.

По Volkswagen и Toyota, следната автомобилска марка што автомобилските власти во САД ја земаат на нишан е Mazda. Еден милион и 200 илјади примероци од моделските серии Protégé, 626, 929, MX-6, MPV и MX-3, произведени во 1990-те години, мораат да ги посетат сервисните работилници на марката. Mazda користела премногу маст за електричните контакти во производството на овие возила. Сега постои опасност маста да јаглениса и да ја оштети електричната изолација, што потоа би довело до прегревање, и во најлошиот случај, до пожар.

Јапонскиот производител нема добиено рекламации од сопствениците за овој потенцијален проблем. Сервисната акција во САД според американскиот огранок на Mazda ќе стартува во декември. Уште пред неколку недели јапонскиот производител објави дека поради истиот проблем мора да повика во сервис над 900.000 автомобили на домашниот пазар.

Претходна објаваVolkswagen го претстави новиот Passat за американскиот пазар
Следна објаваСкандалот со дизелите се проширува во Opel. Тие „лажат“ поинаку од Volkswagen

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here