Toyota повикува во сервис 6,5 милиони возила – поради измислен дефект

Обата најголеми автопроизводители во светот наизменично се менуваат во лошите вести. На Volkswagen му се закачи аферата „дизелгејт“, а сега и Toyota се најде на линијата на огнот – заради најобичен прекинувач.

Кога двајца се расправаат, третиот користи. Станува сé поочигледно дека покрај Volkswagen и Toyota, кои чесно ја водат битката за преземање на врвот во автомобилската бранша, постои и трета страна, со интерес да го наруши бизнисот на гигантите. Кој друг може да биде тоа освен американските автомобилски власти на кои пропаднатиот General Motors им го должи опстојувањето? Но, за што тоа се обвинува Toyota, само неколку седмици по монтирањето на аферата Дизелгејт во Volkswagen?

До кога Американците ќе практикуваат уличарски финти против легалната конкуренција? Дали Европа треба конечно да му сврти грб на Opel, како европски огранок на General Motors?
До кога Американците ќе практикуваат уличарски финти против легалната конкуренција? Дали Европа треба конечно да му сврти грб на Opel, како европски огранок на General Motors?

Корпорацијата Toyota повикува 6,5 милиони возила во сервис, заради поправка на прекинувачите за ракување со електриката на прозорците, за коишто постои опасност да произведат краток спој и да предизвикаат пожар во возилото. Сервисниот повик се однесува на 2,7 милиони возила во САД, милион и двесте илјади возила во Европа и 600.000 возила во Јапонија. „Опасните“ модели се Yaris, Corolla, Camry, Matrix, RAV4, Highlander, Tundra, Sequoia и Scion xB.

Проблемот е во нерамномерниот слој маст врз електричните контакти во прекинувачот за електриката на прозорците. На местата каде што нема нанесено доволно маст, може да се наталожи нечистотија и истата да предизика краток спој, односно прегревање на модулот на прекинувачот и негово топење, со опасност да се предизвика пожар.

Toyota добила рекламација од еден сопственик во САД, којшто добил изгореници на дланката, како и на 11 случаи на траги од горење на прекинувачот и на облогата во вратата. Сервисите на Toyota ќе го проверуваат прекинувачкиот модул и ќе нанесат маст што е отпорна на топлина, за што ќе бидат потребни околу 45 минути. Доколку прекинувачот не работи правилно, истиот ќе биде заменет. Повикот се однесува на возила произведени надвор од Јапонија во периодот меѓу август 2005 и август 2006, како и јануари 2009 и декември 2010, односно во јапонските фабрики на Toyota меѓу јануари 2005 и август 2006, односно август 2008 и јуни 2010 година.

Претходна објаваМилионска казна за Fiat поради даночни олеснувања во Луксембург
Следна објаваКинези ќе помагаат за сериското производство на електричниот Aston Martin

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here