Кинези ќе помагаат за сериското производство на електричниот Aston Martin

Aston Martin ја искористи посетата на кинескиот претседател Кси Јинпинг да го прикаже концептот на електричен Rapide пред палатата во Ланкастер. Сериската изведба на овој модел може да се очекува за две години.

Благородната британска марка Aston Martin денес го прикажа концептот на Rapide S со погон на струја, по повод средбата меѓу принцот Вилијам и кинескиот претседател Кси Јинпинг во палатата Ланкастер во Лондон. Електричниот RapidE е развиен во соработка со инженерите на Williams и поставен е пред лондонската знаменитост во знак на поддршка на креативниот самит што го организира британската влада, со цел да го прикаже најдоброто од земјата и да ги охрабри луѓето да ја посетуваат земјата, да вложуваат, да водат бизнис и да студираат во неа.

За време на манифестацијата во палатата Ланкастер, Aston Martin и кинеската инвестициска група ChinaEquity потпишаа спогодба за разгледување на можности за реализирање на коцептниот автомобил RapidE во сериско производство. Доколку се постигне соработка, електричниот автомобил на Британците би можел да се најде во сериско производство за две години.

https://youtu.be/uPHWfahHRi8

Претходна објаваToyota повикува во сервис 6,5 милиони возила – поради измислен дефект
Следна објаваLexus најавува студија на ултимативна луксузна лимузина за Токио

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here