Lexus најавува студија на ултимативна луксузна лимузина за Токио

Луксузната марка на Toyota ќе прикаже студија за идната генерација на врвни крстосувачи. Вообичаено за Lexus, со најавата оди само една фотографија, без какви било детали. Неизвесноста ќе трае до 28-ми октомври.

Според денешното соопштение од Lexus, луксузната марка на гигантот Toyotа, на 28-ми октомври, точно во 13 часот и 45 минути локално време ќе го претстави студискиот автомобил што ја најавува идната генерација врвни крстосувачи. Како што е веќе традиција во Lexus, освен фотографијата која што прикажува само детал од изгледот на автомобилот, други податоци не се објавуваат.

На салонот во Токио ќе бидат прикажани вкупно 11 модели на Lexus: Освеженото моделско годиште на Lexus GS, заедно со екстремната спортска верзија GS F со 477 КС, ќе доживеат домашна премиера, а заедно со нив дефилира новата генерација на големиот кросовер RX. Сите три модели веќе доживеаја светска премиера на салоните во САД и во Германија.

Претходна објаваКинези ќе помагаат за сериското производство на електричниот Aston Martin
Следна објаваПожарите во ванот Zafira го ставаат и Opel во немилост

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here