за

Maserati Quattroporte е женски автомобил во Кина

Младите бизнисменки се водечка сила во енормното зголемување на продажбата на престижната италијанска марка во Кина. Околу 40 проценти од сопствениците се дами.

Шефот на Maserati, Харалд Вестер, го објаснува големиот раст во продажбата на марката во Кина: „Четириесет проценти од нашите клиенти во Кина се успешни млади бизнисменки кои ги ценат европските производи и сакаат шофер да ги вози во нивниот нов Quattroporte.“ За споредба, жените учествуваат со само 5 проценти во продажбата на Maserati во Европа и САД.

Во првите девет месеци од годинава, престижната марка во сопственост на Fiat прими околу 23.000 нарачки во светот. Тоа е огромен раст во споредба со 6.288 возила продадени лани. Најбаран модел е знаменосецот Quattroporte, на кого отпаѓа околу половина од продажбата. Само во Кина се продадоа 4.000 примероци од моделот, па оттаму и не чуди што земјата е најголем пазар за Quattroporte во светот.

Цената на врвната изведба на спортската лимузина во Европа изнесува 150.000 евра, но во кина оваа сума расте на 325.000 евра со давачките за царина и акцизата. Основниот модел со шестцилиндарски мотор, пак, чини 205.000 евра, место 110.000 евра во Европа. Купувачите во Кина се значително помлади од другите земји. Просечната возраст на сопствениците во Кина изнесува 37 години, наспроти 55 години во САД и Европа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нови слики од класата C на Mercedes

Porsche 918 Spyder се претрка себеси