Пред половина година Италијанците најавија дека ќе започнат со сериско производство на купето Alfieri во 2016 година. Сега Maserati потврди уште неколку детали околу новиот модел.
Купето што Maserati го прикажа премиерно како студија на салонот во Женева во март ќе го задржи името Alfieri. Една година по стартот на купето ќе следува и кабриолет изведбата. Италијанците очекуваат дека Alfieri ќе стане најпродаван модел на марката до 2018 година, кога Maserati планира да постигне годишна продажба од 75.000 возила. Во оваа година марката ќе продаде околу 40.000 возила, а во следната десет илјади повеќе.
Новиот модел користи модифицирана платформа од Ghibli и Quattroporte и во основната изведба ќе вози со трилитарски V6 со турбонатполнење и 410 КС. Верзиите со погон на сите тркала ќе постигнуваат моќност од 450 и 520 КС. Цената на основниот модел ќе изнесува околу 75.000 евра.
















