за

Aston Martin DB10 е новиот автомобил на Џејмс Бонд

Aston Martin DB10

Пред неколку минути во студиото Пајнвуд во Лондон беше претставен новиот службен автомобил во 24-то продолжение на серијалот за најпознатиот таен агент на светот. Името на филмот: „Спектар“

Автомобилот што Џејмс Бонд ќе го вози во „Спектар“ е Aston Martin DB10. Новото службено возило на 007 беше претставено пред само неколку минути во студиото Пајнвуд во Лондон, на конференцијата за печат што ја одржаа режисерот Сем Мендез и продуцентот Барбара Броколи. Со тоа продолжува успешната соработка на Бонд и Aston Martin која што трае уште од 1964 година, од филмот „Голдфингер“.

DB10 го понесува новиот дизајнерски правец на Aston Martin, којшто ќе биде реализиран во сериските автомобили на благородната британска марка на спортски автомобили во 2016 година. Aston Martin соработуваше со филмскиот тим околу изгледот на новиот автомобил за Џејмс Бонд.

Филмот „Спектар“, како 24-то продолжение на серијалот за тајниот агент 007 ќе почне да се прикажува во кино салите во октомври 2015 година. Сцените за филмот ќе се снимаат во Лондон, Мексико Сити, Рим, на Австриските Алпи, во Мароко и во студиото Пајнвуд. Снимањето на филмот официјално започна во понеделникот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Maserati Alfieri пристига во 2016 година

Најпроизведуваниот автомобил во Франција е … Јапонец!