за ,

Maserati со потпис на Ерменегилдо Зења

Maserati Quattroporte Ermenegildo Zegna е името на специјалната серија од купе лимузината која што ќе биде достапна во ограничен број примероци од следната година.

На салонот во Франкфурт, Италијанците ќе го прикажат Quattroporte со потписот на модната куќа Зења како концептен автомобил со кој што ја најавуваат ограничената серија од моделот што ќе се понуди во ексклузивна продажба од следната година. Моделот е резултат од тесната соработка меѓу двете компании кои што ги поврзуваат историјата, традицијата и ексклузивноста.

maserati

Каросеријата на Maserati Quattroporte Ermenegildo Zegna Limited Edition е лакирана во боја со специјален ефект преку кој што се симулира флуидноста и чистотата на металот, со користење на ситни честички од алуминиум, во комбинација со црна подлога за нагласување на сјајноста на алуминиумските пигменти и за постигнување на длабок сјај. За крунисување на впечатливиот изглед, детали од каросеријата се лакирани во боја на платина, со цел да се изразат традицијата и техничката софистицираност на возилото.

Уште поимпресивен впечаток ќе остава внатрешноста на купе лимузината на Maserati. Тука се користат класични топли бои, како мока и греж, кои се комбинирани според последните модни колекции на Зења. Седиштата, вратите и таванот се обложени со мека телешка кожа, како надополнување на текстилот со мекост на кадифе и во светла боја.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Monza GSE на изложбата на олдтајмери во Франкфурт

Lexus подготвува радикален дизајн за идниот теренец