за ,

Opel Monza GSE на изложбата на олдтајмери во Франкфурт

Организаторот на салонот во Франкфурт организира посебна изложба за возила постари од 30 години. Меѓу нив се најде и купето Monza, чиј што наследник наскоро ќе влезе во производство.

Купето Monza е еден од најексклузивните спортски модели на Opel и под хаубата има трилитарски шестцилиндарец со 180 КС. При премиерата пред 30 години, Monza го привлече вниманието со дисплејот од течни кристали на кого што се прикажуваа информациите за брзината, бројот на вртежи, резервата од гориво и температурата на моторот. За четири години се произведоа 43.812 примероци од луксузното купе на Opel.

Monza Concept го најавува идниот дизајнерски правец на Opel и се повикува на легендарното моделско име на марката од Риселсхајм
[one_half]opel omonza gse 2[/one_half]
[one_half_last]opel omonza gse 1[/one_half_last]

Меѓу историските возила на изложбата ќе се најдат уште неколку модели на марката под знакот на молњата. Најмладиот член е Calibra V6 со 170 КС, која што се произведуваше од 1993 до 1997 година. Култното купе беше еден од најпродаваните спортски модели во 1990-те години. За седум години се произведоа 238.647 примероци од купето со впечатлив дизајн и врвна аеродинамика.

opel omonza gse 4

Opel Kapitän L од 1963 година го прославува 50-от јубилеј, како најстар модел на Opel на специјалниот штанд на олдтајмерите. Правите линии и издолжената форма се стилски елементи на каросеријата на Kapitän. Покривот остава впечаток како да лебди над големите прозорци. Шестцилиндарскиот мотор со 90 КС овозможува крајна брзина од 150 km/h. Со 145.616 купувачи, Kapitän беше најпродавана лимузина со шестцилиндарски мотор во Германија во 1960-те години.

opel omonza gse 3

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Милано стартуваше со изнајмување возила на улица

Maserati со потпис на Ерменегилдо Зења