за

Magnum Mk5: Формула за тркање и за кафе

Канаѓаните го направија родстерот Magnum Mk5 кој постигнува врвни спортски перформанси на тркачките патеки, но може да се регистрира како секој друг автомобил.

Фирмата Magnum веќе има долга традиција во производство на тркачки болиди. По примерот на McLaren, Канаѓаните сега го нудат родстерот Mk5, кој се докажува на тркачкиот патеки, но може и самостојно да допатува до нив. Во багажникот собира две кациги и помала торба, а зад седиштата е вграден четирицилиндарец со 254 КС, кој има лесна задача со тежината на возилото од само 545 килограми. Од оваа комбинација произлегуваат врвни перформанси: Забрзување до стотка за 3,2 секунди и крајна брзина од 240 километри на час.

Моторот врти до 11.000, подвозјето издржува 2G

Моќта на моторот се пренесува на задните тркала со димензија 265/18 преку секвенцијален менувач со шест степени. Возачот и совозачот седат врзани со ремени со шест точки, а воланот се вади за полесен пристап. Каросериските елементи се изработени од карбонски влакна и исто така лесно се отстрануваат, заради брза замена при оштетување во трка.

Magnum-Mk5 nazad

Сите компоненти на возилото, од подвозјето до моторот, конструирани се за лесно да се одржуваат и заменуваат во секоја сервисна работилница. Покрај тоа, деловите потекнуваат од најголемите производители, со што се гарантира лесна набавка во кој било дел од светот. Секое уживање чини, па и ова. Канаѓаните бараат преку 100.000 евра за нивниот Magnum.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

570 КС и 310 km/h за Porsche Panamera Turbo S

Стартува производството на новата серија 2 на BMW