Во понеделник ќе стартува производството на купето од новата серија 2 во фабриката на BMW во Лајпцих.
Новиот модел на Баварците го заменува купето од серијата 1, кое што во истата фабрика се произведе во повеќе од 150.000 примероци во периодот од септември 2007 до почетокот на октомври 2013. По престанокот на производството на сегашните купеа и кабриолети од серијата 1 во почетокот на октомври, погонот во Лајпцих се префрли на купето од серијата 2 и на идните новитети во гамата на BMW.
Покрај најмалото купе на марката, во Лајпцих на иста лента се произведуваат уште X1 и комбилимузинската изведба со пет врати од серијата 1. Од средината на септември, во фабриката се произведува и електричниот автомобил i3, на посебна лента за него.