за

Macan Turbo со перформанс-пакет ја крунисува моделската серија на Porsche

Како спортист меѓу компактните теренци, Macan постави нови стандарди во поглед на динамиката. Сега Porsche го пали и следното експлозивно полнење. Со перформанс-пакет, Macan Turbo е новиот топ-модел во серијата, со подобрени перформанси, поостри возни својства и повеќе емоции во возењето.

На купувачите на коишто 400 КС на „стандардниот“ Macan Turbo им се недоволни, Porsche сега им нуди перформанс-пакет со дополнителни 40 КС за 3,6-литарскиот V6. Спринтот до сто се скусува за четири десетинки, на 4,4 секунди, а забрзувањето престанува дури на 272 километри на час (+6 km/h). Вртежниот момент достигнува максимални 600 Nm или 50 Nm повеќе отколку во Macan Turbo, во подрачјето меѓу 1.500 и 4.500 вртежи. Тоа влијае врз еластичноста: Со перформанс-китот, Macan забрзува од 80 до 120 km/h за 2,9 секунди во модусот Sport Plus (-0,2 s).

Porsche Macan Turbo Performance Paket

Заедно со дополнителните коњски сили, со перформанс-пакетот следуваат и нови сопирачки, активно спортско подвозје, пакет Sport Chrono и спортски издув. На предната оска гризат сопирачки дискови со пречник од 390 милиметри или 30 повеќе отколку во стандардниот Turbo. Соодветно на тоа и шестклипните сопирачки клешти се лакирани во црвена боја. За полната динамика да се извлече од подвозјето, доволно е да се притисне копчето на Porsche Active Suspension Management (PASM), коешто оптимално е дотерано за подвозјето спуштено за 15 милиметри.

Macan Turbo го искористува максималниот потенцијал во модусот Sport Plus

Како опција се нуди пневматска амортизација со дотерување на висината и уште за 10 милиметри спуштена каросерија. Во модусот Sport Plus на пакетот Sport Chrono, подвозјето, моторот и менувачот се префрлуваат на максимална динамика, што е придружено со подлабок тон на спортскиот издув.

Porsche Macan Turbo Performance Paket

На списокот на опции се наоѓаат пакет за екстериер, заедно со бандажи од 21 инч со дизајн од Porsche 911 Turbo, активни диодни светла и украсни елементи во сјајна црна боја. Соодветниот пакет за ентериерот опфаќа седишта во комбинација од црна кожа и алкантара, многубројни апликации во боја и карбонски елементи, како прагови со името на моделот осветлено во бело.

Porsche веќе ги прима нарачките за Macan Turbo со перформанс-пакет. Цената за новиот топ-модел во семејството на Macan во Германија изнесува 91.142,90 евра.

[FAG id=25352]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Екстра примерок од Ferrari LaFerrari за помош на жртвите од земјотресот во Италија

Осумте најдобри иновации за годинава одликувани на саемот Аутомеханика