Екстра примерок од Ferrari LaFerrari за помош на жртвите од земјотресот во Италија

Ferrari ќе изработи екстра примерок од баснословно скапиот LaFerrari. Средствата од наддавањето на петстотиот примерок од овој модел ќе бидат наменети за помош на жртвите од минатонеделниот земјотрес во Централна Италија.

На билатералната средба меѓу претставници од италијанската и германската влада што се одржа вчера, претседателот на марката, Серџо Маркијоне, соопшти дека Ferrari ќе изработи екстра примерок од LaFerrari, еден повеќе од првично планираните 499 примероци.

Петстотиот LaFerrari во оваа лимитирана серија од првиот хибриден суперавтомобил на Ferrari ќе биде продаден на аукција, во корист на луѓето што претрпеа штети од земјотресот во Централна Италија на 24-ти август.

Цената што Ferrari ја комуницира официјално за својот топ-модел изнесува 1,3 милион евра. Се очекува дека дополнителниот примерок во серијата ќе достигне повисока од цена на наддавањето.

Претходна објаваНовиот Kia Rio го става во сенка братот од Hyundai
Следна објаваMacan Turbo со перформанс-пакет ја крунисува моделската серија на Porsche

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here