за

Macan му носи рекордни продажби на Porsche

Производителите деновиве ги пријавуваат продажните биланси. Но, Porsche никој не го достига. Порастот во продажбата во март изнесува преку 30 проценти, со вкупно 20.222 возила. Најголемиот поттик доаѓа од новиот Macan.

Porsche продаде преку 20.000 возила во минатиот месец. Со ваква динамика, до крајот на годинава спортската марка без потешкотии ќе ја пречекори и следната волшебна граница, бројката од 200.000 продадени возила. Во првите три месеци се продале 51.102 возила на марката од Цуфенхаузен – тоа е една третина повеќе отколку во истиот период лани.

Дури и самиот производител е изненаден од огромниот интерес за новиот теренец Macan. Во минатите дванаесет месеци, Porsche продал 62.644 примероци од помалиот брат на Cayenne. Уште подобро за производителот, секој четврти сопственик на Macan е новодојденец во марката. Тоа несомнено придонесува и за важното подмладување на клиентелата. Мотото на производителите во тој поглед е просто: Колку порано ќе го привлечеш купувачот, толку подолго ќе го имаш како клиент.

Продажбата врви одлично на глобално ниво. Во март, во Кина се продале 4.138 возила, кадешто пазарот штотуку се свестува за спортските автомобили. Соодветно на тоа, расте и продажбата на Porsche 911, со плус 30 проценти. На стандардниот пазар во САД, во март се продадени 4.291 автомобил (+13%), додека Европа предничи со 8.054 примероци од 911, Boxster, Cayman, Cayenne, Macan и Panamera, со зголемување од дури 53 проценти.

Секако дека не е случајност тоа што шефот Матијас Милер е еден од фаворитите за преземање на позицијата на прв човек во целиот концерн Volkswagen, на местото на Мартин Винтеркорн.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ексклузивна серија на Porsche Panamera за 250.000 евра

Range Rover Pick-Up: Од готово вересија