Porsche планира значително зголемување на продукцијата на Macan за в година. Компактниот теренец уште во оваа година постигна впечатливи бројки на продажба.
Специјалистот за спортски автомобили од Штутгарт планира значително зголемување на продукцијата на новиот теренец Macan за следната година. Погоните ќе работат под полно оптоварување уште од почетокот на годината, со цел до крајот на 2015 да се произведат повеќе од 60.000 примероци од малиот брат на Porsche Cayenne и технички близнак со Audi Q5.
Продажбата на Macan стартуваше во април и по само неколку месеци моделот се покажа како голем погодок на спортската марка. До крајот на годинава ќе се произведат преку 50.000 примероци. Воведувањето на Macan меѓу другото придонесе Porsche да не забележи пад во продажбата во неколку месеци во текот на 2014 година.
















