за

Новиот iMac со 5К-дисплеј е најбрз Mac на сите времиња

Новата варијанта со ретина дисплеј и процесор од 4 GHz на тестирањата на Mac & i го остави зад себе дури и најбрзиот и најскап Mac Pro.

Конфигурацијата по нарачка на новиот iMac во многу подрачја е најбрз Mac на сите врамиња. Тоа се потврди на тестот на Mac & i. Резултатот изненадува дотолку повеќе што топ варијантата со процесор Core-i7, графичка картичка Radeon R9 M295X (AMD) и 5К-дисплеј со ултрависока резолуција чини само 100 евра повеќе од најевтиниот модел во серијата Mac-Pro, којшто со 4 јадра и 3,7 GHz се продава за околу 3.000 евра.

iMac се покажа супериорен над Quad-Core-Mac-Pro на сите тестови коишто профитираат од високиот работен такт на процесорите, односно во програмите како Photoshop, Mathematica, iTunes, QuickTime, но и во игрите како Batman Arkham City или Dirt**II. Наспроти тоа, Mac Pro профитира од поголемиот број јадра (зависно од моделот 6, 8 или 12) во програмите што се способни за повеќе процеси, како Cinema 4D, како и од супербрзите SSD на тестовите што ја оптоваруват матичната плоча. На крајот, скапите варијанти на Mac Pro сепак се покажаа послаби од 5K-iMac што се конфигурирани по нарачка.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Macan се продава одлично – поголема продукција в година

Европа дозволи iPad во замена за пилотските куфери