за

Lotus Evija или хиперавтомобилот за милијардери со зелено срце

Lotus Evija pretstavuvanje
Lotus Evija pretstavuvanje

По единаесет години пристига првиот нов модел на британската спортска марка. Lotus Evija вози чисто на струја и го започнува новото поглавје на култната марка на којашто во минатото повеќепати ` се закануваше крај.

Покрај овие технички податоци, дури и Bugatti Veyron изгледа бледо. Со 2.000 КС и вртежен момент од 1.700 њутнметри – може и 1,7 килоњутнметар – Lotus Evija е најсилниот сериски автомобил во светот. Со крајната брзина што е ограничена на 340 km/h, новиот британски хиперавтомобил не е најбрз, но тоа не менува многу. Батеријата од 2.000 kW доаѓа од врвен добавувач, од Williams Advanced Engineering. Таа е вградена веднаш зад седиштата и видлива е преку стакло.

За погонот на секое тркало е задолжен по еден електромотор со моќност од 500 КС. Спринтот од место до темпо сто трае помалку од три секунди, до 300 km/h не минуваат ниту цели девет секунди.

https://photos.app.goo.gl/ktKduz7bpqCYa7B69

Според шефот за развој во Lotus, Мет Виндл, „батеријата, електромоторите и преносот на сила постигнува степен на ефикасност од 98 проценти, што претставува нов репер во браншата“. Марката со богата традиција отсекогаш го следеше конструкторскиот дух на основачот Колин Чепмен, кој создаваше моќни, но првенствено лесни спортски автомобили. Evija ја продолжува традицијата, затоа што и покрај големата батерија, возилото празно тежи само 1.680 килограми.

На супебрзите полначи со 350 kW што се поставуваат по главните коридори, полнењето на батеријата на Lotus Evija што е 20 пати поголема отколку кај Tesla ќе трае 18 минути

При користење супербрз полнач со 800 kW, џиновската батерија ќе се наполни за само девет минути. Вакви полначи засега не постојат во јавна примена. Но, полнењето не трае предолго ниту при користење полначи од 350 kW, кои уште се ретки. Во тојо случај, батеријата се полни до 80% за дванаесет минути, односно за целосна наполнетост се потребни 18 минути. Според новата норма WLTP, досегот изнесува најмногу 400 километри. Британците не открија за колку време ќе се потроши батеријата доколку се вози постојано со 320 километри на час.

https://photos.app.goo.gl/iXmrFUXDxinUyh5p9

Заслугата за ниската тежина е во шасијата што целосно е изработена од карбон и пристига од италијанската мануфактура CPC во Модена. Начинот на производство е ист како во формула 1. Монококот, на пример, тежи само 129 килограми.

Во овој сегмент веќе станува нормално тоа што ретровизорите се заменети со три камери, кои ја прикажуваат сликата на средишниот дисплеј. Во поглед на аеродинамичноста се користени примери од природата. Фановите на Lotus ќе забележат и дека предниот дел од Evija потсеќа на легендарниот Тип 71, болид на Lotus во Формула 1.

Lotus е прва марка што во сериски автомобил ги вградува ласерските светла на Osram

Evija е прв сериски автомобил што користи ласерски светла од Osram. Светлосните единици се исклучително мали, но постигнуваат најдобро можно осветлување на патот. Првпат во британската спортска марка со долга традиција се нуди и конективност, односно поврзување со паметен телефон и со податочен облак, заради користење апликации директно од кокпитот.

https://www.instagram.com/p/B0GKaRNIv4N/

Моделот ќе се изработи во серија од само 130 примероци во историската фабрика на Lotus во Хетел. Производството ќе започне следната година. Шефот Фил Попам се надева дека „Evija ќе ја врати марката во срцето на фановите на спортските автомобили и ќе поплочи пат за натамошни визионерски модели“.

https://www.instagram.com/p/B0Dvj5DIRBY/

За следните модели решаваат кинеските сопственици. Geely, кој инаку полага сопственост и над шведскиот Volvo, планира да вложи две милијарди долари во легендарната спортска марка. За следната година може да се очекува премиера на спортскиот модел што се развива заедно со Toyota и според гласините претставува замена за Elise. Овој култен модел се произведува уште од 1996 година.

За да се обезбеди примерок од ексклузивната серија, потребни се 250.000 британски фунти или околу 276.750 евра. Тоа е само аконтација. Основната изведба на Lotus Evija чини 1,7 милион фунти (1,882 милион евра).

Сцени од премиерата на Lotus Evija

https://photos.app.goo.gl/yuS8dzBx6UJLrpig8

https://photos.app.goo.gl/DCUoYYpcAPDjp1dq5

https://photos.app.goo.gl/qMsXFYmN6uHcroRc7

https://photos.app.goo.gl/4nyvrkoa4TKssTpx6

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Dacia Duster производство Нигерија

Dacia Logan и Duster ќе се произведуваат во Нигерија

Solaris Urbino 18 electric Варшава

Во Варшава ќе возат 130 електрични автобуси Solaris