Dacia Logan и Duster ќе се произведуваат во Нигерија

Dacia Duster производство Нигерија

Renault и групацијата Cocharis започнуваат партнерство за производство и дистрибуција на возила на Dacia во Нигерија.

Во фабриката на групацијата Cocharis во Нигерија уште во октомври годинава ќе започне монтажата на Dacia Logan и Dacia Duster. Како што е вообичаено во рамките на француската групацијата, двата модели на Dacia таму ќе го носат знакот на Renault. Матичната марка на француската групација е лидер на пазарот на автомобили во Африка, со удел од 18 проценти.

Заедно со локално произведуваните Logan и Duster, на нигерските возачи ќе им бидат достапни и минито Renault Kwid и пикапот Oroch, кои ќе се увезуваат од Бразил. Четирите модели ќе се нудат во продажната мрежа во Нигерија.

Со повеќе од 200 милиони население, Нигерија е од стратешко значење за планираното проширување на групацијата Renault во Африка. Лани, Французите продале повеќе од 216.000 возила на континентот. Најголема продажба се постигнува во Мароко, Алжир, Јужна Африка и Египет.

Претходна објаваДва електрични СУВ возат од Кина до салонот во Франкфурт
Следна објаваLotus Evija или хиперавтомобилот за милијардери со зелено срце