Две илјади фунти за замена на стар автомобил во Лондон

Лондон заштита животна средина

Лондон ќе потроши уште 25 милиони фунти за откуп на старите и практично безвредни автомобили, но со лош издув, за тие да се заменат со понови и почисти возила. Програмата е наменета за граѓаните со пониски примања и за инвалидизираните лица.

Британскиот Autocar објави вест за новата програма на лондонскиот градоначалник Садик Кан, којашто е дел од широката стратегија за намалување на емисијата на СО2 во метрополата. Програмата е наменета за лица со ниски примања и за инвалидизирани лица, кои живеат на пошироката територија на Лондон.

Во сличната програма што се реализираше лани, беа потрошени 23 милиони фунти, за замена на комбињата со дизел мотор, како и за организирање на зона со посебно ниска емисија (ULEV), во коајшто за дизели со норма под Euro 6 и бензинци под Euro 4 се наплаќа по 12,40 фунти за влез.

Загаденоста на воздухот е национална здравствена криза којашто го попречува развојот на белите дробови на нашите деца и предизвикува предвремено умирање на илјадници лица. Градските татковци ширум светот се обединети во подигнувањето на алармот околу опасностите од лошиот квалитетна воздух

Садик Кан, граоначалник на Лондон

Со новата програма, сопственици на стари автомобили ќе добијат парична помош во висина од 2.000 фунти за купување понов и почист автомобил, односно 1.000 фунти за стар скутер или мотоцикл.

Претходна објаваHonda ќе полни струја по посебна тарифа во договор со дистрибутерот
Следна објаваПред премиерата: Кои се добавувачите на делови за новиот Golf VIII

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here