Honda ќе полни струја по посебна тарифа во договор со дистрибутерот

Honda e polnenje posebna tarifa
Honda e polnenje posebna tarifa

Honda потпиша соработка со Vatenfall, водечки европски електродистрибутер, со којшто се предвидува променлива тарифа за струја, посебно за возачи на електрични автомобили. Тоа е дел од стратегијата „електрична визија“ што Honda ја реализира во Европа.

Honda и Vatenfall заеднички ќе креираат и ќе понудат тарифа за струја, којашто на возачите на електрични возила ќе им овозможи да ја полнат батеријата во време кога е најмала потрошувачката на струја, а со тоа и цената е пониска – тоа ќе биде посебна „евтина“ тарифа за возачи на електромобили.

Тарифата ќе биде достапна за возачи на електрични автомобили од која било марка, со цел да се поттикне користењето струја добиена од обновливи извори, меѓу другото од хидроцентрали и ветерници. Услугата ќе биде достапна веќе од следната година, во почетокот само во Велика Британија и Германија, а потоа и во останатите европски држави.

honda e електрични автомобили

Vatenfall ќе го презеде и трошокот за поставување на станици за полнење на Honda, преку избрани подизведувачи во Британија и Германија. Полначот може да се постави на ѕид или на држач, со моќност од 7,4 kW или 22 kW (трифазна струја). Во вториот случај, возачите на Honda E ќе ја наполнат батеријата за 4,1 часови.

Возачите кои паркираат на улица ќе можат да ја користат мрежата од полначи на ubitricity. Мрежата само на територијата на Лондон се состои од 1.700 полначи.

Повеќе полначи за струја од станици за гориво: Британија под напон

Претходна објаваMitsubishi MI-Tech со гасна турбина како генератор и свртување во место
Следна објаваДве илјади фунти за замена на стар автомобил во Лондон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here