Дизајнерите на Lexus се докажуваат како специјалисти за највпечатливи бои за автомобилските каросерии. Најновата креација оттаму е „огнена карнеолна“ боја за новото годиште на луксузното купе LC.
Работата на нова боја за автомобилите на Lexus може да потрае и по две години. Таков е случајот со „Blazing Carnelian“, којашто е наменета за новото моделско годиште на топ-купето LC и спроед дизајнерите совршено одговара за формите и за стилот на овој луксузен автомобил.
Бојата е единствена со својата висока заситеност и со сјајот. Ефектот доаѓа од нанесувањето повеќе слоеви, при што секој одделен слој придонесува за крајниот резултат. Како основа се нанесени два различни слоеви боја со висока заситеност, а има и дополнителен слој со метални честички.
Впечатокот од бојата се засилува дополнително, доколку Lexus LC се нарача со „менхетен портокалова“ боја за ентериерот. Инспирацијата за таа боја потекнува од уникатната атмосфера што се појавува во само два денови во годината, за време на зајдисонцето во Мехнетен.
Луксузната марка на Toyota нуди 30 најразлични бои во целата своја моделска палета. Највпечатливи се „flare yellow“ за LC 500h, како и врвните металик лакови „Sonic Silver“ и „Sonic Titanium“.
Компанијата Kansai Paint, еден од добавувачите на бои на Lexus, испорачува нови бои на секои две недели, по што дизајнерите проверуваат како тие ќе одговараат за моделите на коишто тие работат во моментот.
https://photos.app.goo.gl/pw4jK9HmVVq5AxLS7
https://photos.app.goo.gl/aV9TSZfpQxvPkUdR6
Lexus ги повикува најталентираните дизајнери од цел свет

















