Ford започна со поставување 750 полначи за електрични автомобили во кругот на своите фабрики на подрачјето на градот Келн, во Нил и Меркених. Овој потег се презема пред почетокот на продажбата на изведбата на Ford Kuga со приклучен хибриден погон.
Во кругот на фабриките на Ford на подрачјето на германскиот град Келн, до крајот на годинава ќе бидат поставени 328 полначи за струја. На тој начин ќе се овозможи пристап до полначи за возилата од сопствениот возен парк на компанијата. Производителот избра интелигентни полначи, кои дозволуваат полначот, возилото и корисникот да комуницираат меѓусебно преку апликација, конретно преку FordPass App.
Доколку тестирањето покаже позитивни резултати, полначи што припаѓаат на компанијата ќе се постават и на соседните паркиралишта надвор од кругот на фабриката. Станува збор за полначи со моќност од 11 киловати. До почетокот на 2022 година се предвидува да бидат поставени сите 750 полначи.
Користењето на полначите на работното место е ослободено од данок до 2030 година, што значи дека вработените во компанијата ќе имаат уште една корист од возењето на струја. Изградбата на оваа мрежа од полначи е дел од проектот на Ford на територија на цела Европа. Во следната фаза, полначи ќе се постават и во останатите германски фабрики во Ахен и Зарлуи, како и во Англија, Белгија, Романија и Шпанија. До 2023 година се планира во фабриките на Ford во Европа да бидат поставени 1.000 полначи за струја.