за

Lexus ES 300h официјално троши 5,5 литри според АДАК

Lexus ES 300h Test 018_1

Големата лимузина со хибриден погон беше на проверка на еколошката погодност кај клубот АДАК. Дел од тестот секако е потрошувачката на гориво. Најреално и најточно, Lexus ES на тестот потроши исто колку градски автомобил – со внимателно возење.

Toyota RAV4 Hybrid прва го мина новиот круг тестови на еколошката погодност на актуелните модели кај клубот АДАК и ги доби високите четири еко-ѕвезди. Петметарската премиум лимузината Lexus ES300h, којашто пролетоска беше на тест и во Аутомедиа, на мерењето на еколошката погодност кај АДАК само ја потврди улогата на јапонскиот концерн како еден од најголемите заштитници на животната средина во автомобилската бранша.

Во еко-рангирањето на автомобилскиот клуб, Lexus ES 300h освои 76 од можни сто бодови, односно четири од максимални пет ѕвезди. Луксузната лимузина со системски 218 КС покажа вредност на просечната потрошувачка од 5,5 литри на сто километри, како при мерењето на пробни валци, така и во реални услови на возење. Во услови на градско возење, кога електромоторот е уште повеќе активен и поинтензивно е полнењето на батеријата при секое полнење и забавување, беше измерена уште пониска потрошувачка: 4,3 литри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Серијата ES на Lexus првпат е достапна во официјалната продажна мрежа на марката во Европа. Моделот е „големо име“ на пазарот во САД и практично е присутен исто колку и првата моделска серија LS. Тоа што Јапонците решија да го понудат петметарскиот крстосувач и на европскиот пазар се должи на преоѓањето на платформата TNGA, со нејзините бројни варијации. Суштинското што го нуди платформата е новата динамика во возењето и чувството на поголема ангажираност на возачот – токму тоа се фактори што го привлекуваат интересот на европските купувачи. Секако дека и во секој друг аспект Lexus ES 300h ги исполнува високите стандарди на марката.

Техниката на ES 300h работи во уште еден „новодојденец“ во Европа, во Toyota Camry

Основата на хибридниот систем е 2,5-литарскиот атмосферски четирицилиндарец, новиот менувач и преработената батериска единица. Моторот, вообичаено работи според еткинсоновиот принцип и со степенот на ефикасност од 41 проценти се вбројува меѓу бензинските мотори што најголем дел од енергијата на горивото претвораат во движечка сила.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Меѓу посебностите на краткоодниот атмосферец спаѓаат правите вшмукувачки канали во главата на моторот, силно закосените вентили со ласерски заварено седиште на вентил, инјектори со повеќе отвори, варијабилно управување на брегастото вратило во вшмукувачкиот тракт, како и во пумпата за масло и системот за ладење со варијабилна работа.

Не е изненадување тоа што на екотестот на АДАК предничи Prius Hybrid со 94 од 100 бодови, заедно со Prius Plug-in Hybrid со 97 бодови, како и првата лимузина со водороден погон Mirai (93 бодови).

Податоци за еко-тестот на Lexus ES 300h во АДАК

Потрошувачка

4,5 / 5,5 l/100km

(Фабричка вредност / Измерена вредност)

Потрошувачка на тест на АДАК

4,3 / 4,9 / 7,4 l/100km

(град / пат / автопат)

Емисија на СО2

103 (150) g / km

Според производител (измерено)

Штетни материи

HC: 13 mg/km

CO: 687 mg/km

NОx: 2 mg/km

PM10 (маса): 0,5 mg/km

PM10 (количина): 8,70584 10¹¹/km

Моќност

160 kW (218 КС0

Работна зафатнина

2487 ccm

Класа на штетни материи

Euro 6d-TEMP-EVAP-ISC (WLTP)

Вид на погон

Хибриден погон

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes znak 110 godini

Ѕвездата и венецот на Mercedes-Benz се стари 110 години

фолксваген ид.3 против е-голф споредба ауби

ID.3 против e-Golf: Ауто Билд почна да ја пишува новата историја