за

Lear Corporation ја зголемила добивката четирипати

Добивката на Lear Corporation во третиот квартал пораснала за 440% во споредба со лани, на 92 милиони долари, додека прометот се зголемил за 23 проценти, на 5,2 милијарди долари.

Добавувачот на автомобилските фабрики со седишта и електроника, Lear Corporation, присутен и во Македонија со фабрика во Тетово, постигна значително подобрување на финансиската ситиација во третиот квартал, благодарение на подобрените пазарни услови. Корпорацијата очекува прометот годинава да надмине 20 милијарди долари.

Корпорацијата Lear ја зголеми добивката за 440% во третото тромесечје, во споредба со истиот период лани, со 92 милиони долари. Зголемената продукција донесе и зголемување на продажбата за 23% на 5,2 милијарди долари.

Овие резултати се должат на зголемената продукција на автомобили во светот, којашто со 20,8 милиони произведени автомобили во третиот квартал е зголемена за 29 проценти во споредба со лани. Во САД, растот изнесува 24 проценти, со 3,7 милиони произведени возила.

„Имаме најдобри финансиски резултати во целата индустија на седишта“, изјави извршниот директор Реј Скот во видео разговор со инвеститорите. „Електрификацијата и останатите дополнителни компоненти во возилата водат кон раст во е-системите. Додека се соочуваме со предизвикувачки времиња за индустријата, проактивно преземаме чекори што на Lear ќе му обезбедат да биде успешен и во иднина.“

Финансискиот директор Џејсон Кардју посочува дека добавувачите и натаму се соочуваат со непредвидливи затворања и инфлација, додека продукцијата во исто време се стабилизира во споредба со лани.

Се водат преговори со производителите на автомобили околу зголемените трошоци, коишто во најголемиот број случаи завршуваат со успех, објаснува директорот Скот. Повеќето автомобилски компании преоѓаат на долгорочни стратегии за компензирање на поскапувањата. „Главнината од клиентите беа убедени дека поскапувањата се само привремени и дека треба само да се почека додека нештата се подобрат, но во меѓувреме главнината од клиентите работат на стратегии како да ги надминат променетите пазарни услови“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lear Corporation (@learcorp)

Lear во исто време работи на смалување на трошоците за работна сила. Компанијата, којашто вработува повеќе од 160.000 лица во своите фабрики ширум светот, во почетокот на годината најави дека ќе ја скуси работната сила за 7.700 лица, поради намалената добивка.

По договорот за снабдување на General Motors со модули за прекин на батериско напојување кај електричните возила, што Lear го потпиша со американскиот производител на автомобили со важност до 2030 година, во план е изградба на нова фабрика вредна 80 милиони долари во Мичиген, САД.

Компанијата годинава остварила промет во висина од 400 милиони долари од новите подрачја поврзани со електричните автомобили. Визијата е до 2025 година да се достигне годишен промет од компоненти за електрични возила во висина од 1,3 милијарда долари.

Lear е десетти најголем добавувач на автомобилската индустрија во списокот на Топ 100 компании во браншата, според индустрискиот гласник Аутомотив Њуз. Прометот од испорака на компоненти за автомобилските фабрики достигна 19,3 милијарди долари во минатата година. Европа учествува со 35 проценти во вкупниот промет.

Концернот Stellantis со признаниja за најдобрите добавувачи

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota, Kia и Dacia растат, Renault и Ford во опаѓање

Volvo продаде преку 50.000 возила во октомври