Концернот Stellantis, со своите 14 марки, предводени од Peugeot, Citroen, Opel, Fiat, ги одликуваше своите 12 најдобри добавувачи на компоненти, раководејќи се според квалитетот, одговорното работење и организираноста.
Вторпат се прогласуваат најдобрите добавувачи на компоненти за вградување во автомобилите од марките на концернот Stellantis. Максим Пика, директор за набавки и за синџирот од добавувачи, одликуваше 12 глобални добавувачи, во девет посебни категории. Настанот се одржа во виртуелна форма, во присуство на повеќе од 100 добавувачи од светот.
Во рамките на настанот уште еднаш беа нагласени целите на стратегијата Forward 2030, којашто треба да постигне 100% продажба на електрични автомобили во Европа и 50% учество на чисто електрични автомобили и доставни возила во Северна Америка, до 2050 година. Во исто време, комплексноста на возилата и трошоците ќе се намалат до 40 проценти. Овие предизвици секако дека директно се пренесуваат и на добавувачите на концернот.
Победници во изборот на најдобри добавувачи на Stellantis за 2022 година
Квалитет на прво место
Lear доби признание за достигнувањата и обврзаноста кон индустриски развој и производство. Lear е воедно компанија што е присутна со свој производсвен погон и во Македонија.
Компетитивност
Yazaki и Honeywell се одликувани поради своите исклучителни достигнувања во поглед на заштедата (комерција, процеси, технички решенија и логистика) и за предлозите во портфолиото за намалување на трошоците.
Програмско управување
Flex-N-Gate и Sumitomo Electric се наградени благодарение на квалитетот на испораката, почитувањето на роковите, контрола на тропоци, проект менаџмент, успешни лансирања и техничка експертиза.
Достигнувања во постпродажба
Argus доби признание поради одличната услуга во понудата на делови за постпродажбата, што обезбедува квалитетни возила и задоволни клиенти.
Иновација
Röchling Automotive е одликуван за револуционерни технички решенија и создавање нови услуги.
Индиректно снабдување со материјали
SBM Management доби признание за услугата, квалитетот, цените, навремената испорака и брзото реагирање.
Корпоративна социјална одговорност
Aptiv е награден за одржливоста, социјалните и етички перформанси.
Indirect Capex
Geico Taikisha е прогласен за најдобар Capex-добавувач, за експертизата во развој на високотехнолошки машини за производство .
Добавувачки синџир
Valeo и Wallenius Wilhelmsen добија признание за одличните резултати во контролата на капацитетот за производство, што овозможи фабриките на Stellantis да работат оптимално.
















