за

Луксузниот Sorento најпродаван модел на домашниот пазар на Kia

Kia во мај продала 234.554 возила на светскиот пазар. Корејците се држат одлично во време на кусок од полупроводници и долги рокови на испорака, со минимален пад од пет проценти во продажбата.

Со добра организација на мрежата за снабдување со компоненти и со свежа понуда од модели за коишто постои висока побарувачка на пазарот, Kia ја задржува продукцијата на високо ниво и соодветно на тоа постигнува и релативно мал пад во продажбата, со 4,9% минус, наспроти големите концерни коишто се соочуваат и со продажба намалена за третина.

Корпорацијата Kia продаде вкупно 234.554 возила во мај, за 4,9 проценти помалку во споредба со истиот месец лани. Од вкупната продажба, една петина е постигната на домашниот корејски пазар (45.663 возила, 4,7%), додека за извозните пазари се испорачани 188.891 возила или за пет проценти помалку од мај лани. Тоа што вкупната продажба на Kia е помалку погодена од кризата со чипови и неизвесноста во синџирот од добавувачи, доаѓа од одличната продажба на моделите од новата генерација, вклучувајќи го и електричниот кросовер Kia EV6.

Главен сегмент во светската продажба на Kia во мај се СУВ-моделите. Нема двоумење дека Sportage е најпродаван модел на корејската марка и во мај, продолжувајќи го наследството од претходните генерации на моделот. Продажбата во минатиот месец постигнала 37.949 примероци. Следат СУВ0-моделите Seltos и Sorento. Добри резултати доаѓаат и од пазарите во Азискиот Пацифик, Индија, Средниот Исток, Африка, Јужна и Централна Америка.

Веќе одамна не е изненадување за светот тоа што најпродавани модели на Kia на домашниот пазар се токму возилата од највисоките сегменти. Тоа секако дека говори и за високиот стандард на живеење во Јужна Кореја. Во мај, најпродаван модел е СУВ-знаменосецот Sorento, со 5.356 возила. Дури и Sportage заостанува зад луксузниот модел, со 4.542 примероци. Во земјата вкупно биле продадени 45.663 возила, за 4,7% помалку во споредба со мај лани.

Kia Sportage пред мостот во Богомила, за време на нашата репортажа, по стариот пат што ги поврзува Азот со Прилеп

На извозните пазари се продадени 188.91 возила, за пет проценти помалку во споредба со истиот месец лани. Новиот Sportage ја предводи светската продажба, заедно со помалиот СУВ-модел Seltos. Убедлива е бројката од 33.407 продадени примероци од Sportage, не само во рамките на месечната продажба на марката, туку и во светски рамки. Seltos, модел што главно освојува купувачи во САД и позициониран е малку над европскиот Stonic, постигнал 17.950 продажби.

Првичните информации за македонскиот пазар кажуваат дека Kia била најпродавана марка во април, со 47 возила, пред Volkswagen со 44 возила и Toyota со едно возило помалку. Kia Sportage веќе е најпродаван СУВ во Македонија. Киа Македонија во април продала 13 примероци од наследникот на единствениот модел што лани надмина 300 возила. Исто толку примероци се продаваат од значително поевтиниот Dacia Duster. За неполни три месеци, новиот Sportage веќе има 44 продажби.

Тест · Kia Sorento 2.2 CRDi Premium

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Концернот Stellantis со признаниja за најдобрите добавувачи

Експресивен дизајн и иновативна технологија: Новиот Volkswagen T-Roc е тука!