за

Шефот на Suzuki доби Орден на заслуги од унгарскиот премиер Орбан

Осаму Сузуки доби највисоки почести од Претседателката и од Премиерот на Унгарија, при неодамнешната посета на земјата.

Фабриката на Suzuki во Ештергом, придонесува многу за напредокот на економијата во Унгарија. Тоа го потврдија Претседателката Каталин Новак и Премиерот Виктор Орбан, при посетата на актуелниот шеф Тошихиро Сузуки и порнашениот шеф Осаму Сузуки.

Тошихиро Сузуки, претседател и извршен директор на корпорацијата Suzuki Motor, и Осаму Сузуки, виш советник и поранешен претседател и извршен директор, неодамна беа во посета на Унгарија. За време на посетата, Осаму Сузуки, почесен генерален конзул на Унгарија во Хамамацу, каде што е седиштето на Suzuki, на пригодна свеченост доби Орден на заслуги во Дворецот Шандор. Орденот го врачи Претседателката Каталин Новак, во присуство на Премиерот Виктор Орбан. Заслугите на јапонскиот менаџер се во постојаната работа во продлабочувањето на економската соработка меѓу Јапонија и Унгарија.

Редовната годишна посета на претседателот на Suzuki мораше да се одложува во изминатите две години, поради пандемијата. Годинава продолжи укажувањето на таа чест од страна на јапонските шефови. Тие посетија повеќе погони во фабриката на Suzuki во Ештергом. Се разговарало и за улогата и иднината на унгарскиот огранок, како важен чинител во светската производствена мрежа на Suzuki Group.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Поранешниот претседател и извршен директор на групацијата Suzuki третпат го добива високото државно признание. По свеченоста, Виктор Орбан ги угости јапонските менаџери во Манастирот Кармелит, на гала вечера.

Неоткриените таленти на Suzuki Ignis сега доаѓаат до полн израз

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Corolla дотерана пред премиерата на Corolla Cross

Концернот Stellantis со признаниja за најдобрите добавувачи