Ferrari и Lamborghini по цена на лимузина од средна класа? Локалната полиција во бразилско гратче открила работилница во којашто се изработувале фалсификати од спортските легенди од Италија. Проблемот е во тоа што оваа работилница се открива секоја година, точно кога е најтивко на сцената.
Сензационална вест што е како измислена за кликер-порталите. Полицијата во бразилското гратче Итажај пронашла работилница за „фалсификување“ скапоцени италијански автомобили. Нов Lamborghini од работилницата на двајцата Бразилци наводно чини 45.000 американски долари, а за исто толку се добива и Ferrari.
Изгледот на каросеријата одвај се разликувал од оригиналите. Во „фабриката“ биле откриени осум делумно готови автомобили. Шефот и неговиот син се приведени и ќе одговараат за прекршување на заштитените права на марка.
Во сопштението од познатата агенција АП не се наведува од кои автомобили биле користени делови за вградување во лажните Ferrari и Lamborghini
Производителите на „оригиналите“ од Маранело и Сант Агата наводно реагирале до бразилските власти, откако забележале огласи на онјалн-берзите во коишто се нуделе евтините и фалсификувани изведби на моделите од спортските марки.
Веста за лажните италијански суперавтомобили е како летна „првоаприлска“ шега на моќните медииумски куќи. Неверојатно е колкав број медиуми во светски рамки наивно ќе ја објават веста за евтините Lambo и Ferrari. Прво, недостигаат имиња на прекршителите, нема ниту изјава на полициските службеници, а трето и најотрезнувачко – кој тоа нормален би дал 45.000 евра за наводно нова California или Huracan?