На својот 71-от роденден, Land Rover официјално е таму каде што му е местото, на терени што се тешко проодни и во природа што е зачувана во сета своја убавина. Во резерватот Борана во Кенија ќе се одвива завршната фаза од тестирањето, пред премиерата којашто ќе се случи подоцна годинава.
За светскиот ден на марката, Land Rover остана далеку од „светот“. Британците моментно се посветени на завршната фаза од тестирањето на новиот Defender. Тоа се случува во природниот резерват Борана во Кенија. Прототипите ќе носат тежок товар, ќе понираат во реки и ќе испорачуваат храна и опрема до најнедостапните подрачја во резерватот што покрива 14.000 хектари.
https://photos.app.goo.gl/qbhvjSQPvK1NiKeH6
Премиерата на новиот Land Rover Defender ќе биде за неколку месеци. Дотогаш, новото издание на теренската икона ќе има совладано 45.000 тестови, од возење под 50 oC во пустина, до 40 оС во минус на Арктикот, вклучувајќи и искачување над 3.500 метри на Карпестите Планини во Колорадо.
Повеќе од 1,2 милион километри во тестирање на најцврстиот и најспособен Land Rover досега
Програмата за тестирање опфати дотерување на возните својства на Нирбургринг, пробивање низ кал во Истнор/Велика Британија, искачување по карпи во Моаб/Јута и возење по песочни дини во Дубаи. Land Rover ветува комфор и динамично возење, кои не беа најсвојствени за претходникот – иако тоа најмалку пречеше автомобилот да прерасне во икона.
Новиот Defender ќе се произведува во неодамна отворената фабрика во Нитра, Словачка, од кадешто ќе се снабдува светскиот пазар. На 30-ти април 1948 година, светот го виде првиот Land Rover, на салонот во Амстердам.
https://photos.app.goo.gl/gFYHkjZT6qS6iMKC8
https://photos.app.goo.gl/U4ZDjsnnGEkmtejC6
https://photos.app.goo.gl/f5JgNjUeXa9VkbkJ9
Jaguar Land Rover отвори фабрика во Словачка
Џејми Оливер претвори Land Rover во подвижна кујна
Jaguar и Land Rover во тура за културна преобразба низ Македонија (2)
Jaguar и Land Rover во тура за културна преобразба низ Македонија
















