за

Џејми Оливер претвори Land Rover во подвижна кујна

Land Rover Џејми Оливер
Во просторот за мотор е вграден лонец за бавно готвење кој по потреба може да ја користи и топлината од моторот

Џејми Оливер побара Land Rover да му изработи кујна од соништата. Што побара, тоа и доби. Овој Discovery има лонец под хаубата, маталка за путер во тркалата, тостер меѓу седиштата, па дури и мини-градина за одгледување зачински билки.

Шефот и ТВ-ѕвезда Џејми Оливер ја поседува најдобрата кујна на четири тркала во светот. Специјалното одделение на Land Rover во сопствениот Discovery на Џејми вгради лонец за бавно готвење што ја користи топлината од моторот, двометарска работна маса што се извлекува од багажникот, а на едното тркало се наоѓа сад во когошто се прави путер додека возилото е во движење.

Ова е единствениот Land Rover во светот што на списокот на „дополнителна опрема“ вклучува тостер под предниот потпирач за рака или ражен што добива погон директно од моторот на Discovery. Не отсуствува ниту мини-градина за одгледување свежи зачински билки во еден од задните прозорци.

Land Rover го пополни секое катче во багажникот со максимална зафатнина од 2,5 метри кубни

Специјалистите за изработка по нарачка на Land Rover го пополнија секој агол во товарниот простор чијашто зафатнина достига два и пол метри кубни при соборени седишта. Џејми Оливер навистина доби комплетна кујна на тркала, па дури и трпезарија. Неговиот семеен Discovery сега е опремен со алуминиумски мијалник, преклоплива работна маса што се шири во трпезариска маса, 40-инчен телевизор, фиоки за прибор за јадење и за зачини.

„Дополнителната“ опрема во семејниот Land Rover Discovery на Џејми Оливер

Прибор

Карактеристики

Позиција

Лонец за бавно готвење

4,7 литри

Во просторот за мотор

Градина со свежи зачински билки

Простор за 8 билки

Посебен пристап однадвор; десен заден прозорец

Преграда со зачини

11 тегли со зачини

Посебен пристап однадвор; лев заден прозорец

Фиока за зачини

5 тегли со екстра лути зачини

Вградени во лизгачката работна маса

Сад за маслиново масло и оцет

По 500 ml

Вградени во задниот капак; користење со помош на „рачка за трепкачи“

Преклоплива и лизгачка работна маса

Димензии 2,5 х 1,5 m, 2 горилници на гас и мијалник

Алуминиумска рамка со кожен раб и фурнирана површина

Преклоплив телевизор

40 инчи, мултимедиски

Интегриран во лизгачката работна маса, со HDMI / WiFi / USB

Мелница за сол и бибер

Ознаки по пример на автоматски менувач (prndsl); P = бибер, S = сол, N = ништо

Со дизајн по пример на бирачот на степени на автоматскиот менувач на Discovery

Маталки за путер

3 маталки од по 5 литри

Алуминиумски садови поставени да висат на тркалата, со лопатки што се движат заедно со тркалата

Машина за сладолед

1 маталка од 5 литри

Алуминиумски садови поставени да висат на тркалата, со лопатки што се движат заедно со тркалата

Тостер

За две кришки

Во средишната конзола

Преграда за џем

3 тегли и 1 нож

Зад контролите за климата

Ражен и машина за мелење

Се извлекува до 1,6 m

Приклучок за ражен и за машина за мелење зад беџот на Land Rover; за 3 пилиња или 1 мисирка / јагнешки бут / прасе

Аван и толчник во стил на клип и клипница

150 mm x 76 mm

Прибор за готвење, алуминиум

Оригинален грил на Land Rover

Двоен преклоплив грил, се монтира на метална маса

Грил во стил на маската на Land Rover

Сиот овој подвиг ќе биде прикажан во три епизоди на каналот Food Tube на Џејми Оливер. Првата епизода веќе е објавена на каналот Food Tube na Џејми Оливер https://www.youtube.com/user/JamieOliver

https://youtu.be/AQAPsswo8GQ

Специјалистите за изработка по нарачка на Land Rover го пополнија секој агол во товарниот простор чијашто зафатнина достига два и пол метри кубни при соборени седишта.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рачната изработка ја забавува продукцијата на Tesla Model 3?

електричниот камион на Tesla

Електричниот камион на Tesla одложен за средината на ноември