Легендата меѓу теренските возила си заминува од производствените ленти до крајот на годинава, но наследникот пристига веќе во 2019 година. Landy ќе се врати како ретро-модел, со дизајнерски детали од оригиналот, но и со неколку технички решенија.
Марката со теренските возила ќе го претстави новиот Defender дури во 2019 година, по двеиполгодишна пауза од заминувањето на оригиналниот модел. Новата генерација на моделот ќе ги поседува главните дизајнерски обележја на Landy, но и во конструкцијата ќе има сличности. Ветробранот, на пример, и натаму ќе биде поставен речиси вертикално, за каросеријата исто така ќе се користи алуминиум, а покривот повторно ќе биде лакиран во бела боја.
Добра вест за љубителите на бескомпромисните теренци е фактот што во подвозјето на идниот Defender повторно ќе се користат крути оски, коишто поседуваат многу поголема флексибилност при возење по екстремен терен, отколку решението со независна суспензија. Моделската гама ќе ја сочинуваат верзии со кусо и долго меѓуоскино растојание, во каросериска изведба со мек или цврст покрив. Моторите ќе се преземат од новиот Discovery Sport, што значи дека под хаубата ќе работат дволитарски бензинци со моќност од 180 и 240 КС, и дизели со истата зафатнина, со моќност од 150, односно 180 КС.
Избор од содржините на Аутомедиа МК
- Новиот модел на Форд ќе биде препакуван кинески Џили
- Електро-шоу во салон: Рено прво прави автомобилот да биде добар, па потоа електричен
- Дилери на Шаопенг и БИД во Германија со месеци чекаат пари од производителот
- Инвеститорите ги загубија сите надежи во Илон Маск
- Што е сменето во новата моделска година на Мерцедес-Бенц Ц-Класа
- Кинескиот автомобилски пазар пред најголемиот пад во историјата, трпат и традиционалните производители
















