Lancia Loraymo: Автомобил од дизајнерот на шишето на Coca-Cola

Со временско растојание од половина век, некои работи повеќе не изгледаат толку застрашувачки. Таков е случајот и со автомобилот што го креираше дизајнерот на најпознатото шише на светот.

Името Рејмонд Леви им е добро познато на сите студенти на индустриски дизајн. А, би требало и на повеќето други. Тој е дизајнерот на шишето на Coca-Cola, исто како и на логото на Lucky Strike. Автомобилите сепак не му успеваа толку добро на овој легендарен креатор во 1950-те години. Креацијата наречена Loraymo и изработена на база на Lancia Flaminia Coupe остана уникат, а кога ќе се погледне необичниот изглед на автомобилот е јасно и зошто. Според истористките записи, на Италијанците воопшто не им се допаднало тоа што Американецот го сторил со нивниот автомобил. Денес, пак, автомобилот е дел од музејската постановка на марката и неодамна беше изнесен на собирот на олдтајмери во замокот Дајк.

Loraymo е анаграм од името и презимето на славниот американски дизајнер

Итало-американецот лакиран во златна боја изгледа како да потекнува од футуристички стрип од 1950-те години. Носот и хромираната маска се издадени далеку напред, предните крила одвај ги покриваат тркалата, а малечките дополнителни светла се поставени на мини крила. Нежниот покрив завршува со малечок спојлер, кој има задача да ја подобри аеродинамиката и да го спречува вртложењето на воздухот, заедно со рамните капаци на тркалата. Задниот дел изгледа повеќе симпатично, со големо заоблено стакло,. До багажникот се пристапува однатре, исто како во некои други американски спортски автомобили.

 

Оригиналниот изглед на Lancia Flaminia Coupe наспроти дизајнерската студија на Рејмонд Леви
Оригиналниот изглед на Lancia Flaminia Coupe наспроти дизајнерската студија на Рејмонд Леви

Рејмонд Леви создаде комфорно спортско купе со просторна кабина и комфорни седишта, што делумно се обложени со кожа. За денешните стандарди е необично тоа што автомобилот не располага ниту со попирачи за глава, ниту со безбедносни ремени. Затоа, пак, дизајнерот Леви постави два држача за чаша покрај рачката на менувачот, што сведочи дека Loraymo е создаден за патување, а не за тркање.

Леви извесно време го користел прототипот како приватно возило – вредноста на овој музејски експонат е бесценета

Во таа смисла и амортизацијата на Flaminia е изведена комфорно. Уникатот извесно време му служел како приватно возило на Леви, пред да биде продадено и на местото на италијанскиот мотор V6 да се вгради американски V8. Кон крајот на 1970-те години, американски клуб на љубители на Lancia го враќа модифицираниот автомобил во Lancia, во Италија. Loraymo потоа е комплетно реставриран во фабриката на Lancia и вратен е во оригиналната состојба. Моторот V8 се заменува со оригиналниот 2,5-литарски шестцилиндарец со 120 КС – првично, моторот располагал со 150 КС, со помош на два двојни карбуратора Weber. Купето со необичен дизајн во своите рани денови можело да постигне 200 km/h, а веројатно и денес.

Кога Loraymo бил прикажан премиерно на салонот во Париз во 1960, љубителите на Lancia буквално се преплашиле. Денес, пак, тој претставува подвижен споменик на марката што во своите најдобри времиња беше ценета по иновативноста и по екстровертноста.

lancia flaminia loraymo

Претходна објаваAirstream: Летување во кампинг приколка и со стил
Следна објаваAprilia Tuono V4 1100 RR: Со истото срце, но со нова душа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here