Духот на Ламборгини Миура уште живее, посебна серија од Ревуелто

Ламборгини одбележува 60 години на Миура со посебен модел од Ревуелто во стилот на 1960-те години. Премиерата ќе биде на Авомобилската недела во Монтереј.

Ревуелто Миура 60 Омаж ги носи истите бои како Миура од 1960-те години

По само три години од основањето, Ламборгини ја изложи Миура на големиот салон на автомобили во Женева. Тоа беше спектакл и технолошки потфат. Миура е прв автомобил чијшто мотор Ве-12 е вграден попречно пред задната оска. Убава и силна, Миура се вбројува меѓу првите суперспортски автомобили во историјата.

Ламборгини Миура е суперспортски автомобил на Далара и Гандини

Џан Паоло Далара беше главниот инженер. Со 3,9-литарски Ве-12 и 350 КС, што се претвора во крајна брзина од 290 киломeтри на час, Ламборгини го имаше најбрзиот авотмобил во светот кон завршетокот на 1960-те години. Потоа следеа изведби со моќност до 385 КС. Производството се одвиваше до 1973 година.

За изгледот е заслужен Марчело Гандини. Дизајнерот на Бертоне нацрта спорстски автомобил висок 1,05 метар, со преклопливи светла и со жалузина над моторот. Миура се помни како еден од најбрзите и најскапи авотмобили од 1960-те години. Со помалку од еден милион евра, не може да се дојде до примерок.

Како да се испочиотува автомобил што е толку единствен и со препознатлив изглед? Ламборгини го зеде како темел својот Ревуелто и изработи посебна серија. Од Миура 60 Омаж ќе се изработат 99 примероци. Денешниот врвен модел на Ламборгини поседува атмосферски Ве-12, но вграден е надолжно и користи помош од електромотор. Хибридниот погон со 1.015 КС го забрзува Ревуелто за 2,5 секунди до темпо сто и продолжува до 350 км/ч.

Lamborghini Miura P400 Italian Job

Ревуелто ги носи боите на Миура

За да се пренесе изгледот на Миура се погрижија Ламборгини Чентро Стиле и посебниот огранок за исполнување желби на клиенти Ад Персонам. Духот на 1960-те години го донесуваат и боите. Специјалната серија ќе се изработи во црвена, портокалова, жолта, светло зелена, зелена, сина, темносина, црна и бела боја.

Исто како кај Миура, за долната половина од каросеријата може да се нарача лакирање во друга боја. На избор се златна со тркала во златна боја или сива со тркала во мат сива боја. Сопственици на Миура можат да си нарачаат Ревуелто што ќе одговара со боите.

Натпис Миура 60 на задните крила открива дека станува збор за посебен модел. Логото на Ламбо е во сјајна црна боја, како кај Миура. Соодветно и сопирачките шепи се лакирани сјајно црно, а издувните цевки во мат црно.

Посебен печат внатре ставаат кожените седишта обложени со Канелони-мустрата на Миура. Средишниот тунел, вратите, задниот дел оид кабината, сé е обложено со кожа. Меѓу седиштата е опшиено лого Миура 60. Цената не се соопштува, но како основа секако мора прво да се земат предвид 500-те илјади евра, колку што Сант Агата Болоњезе бара за Ревуелто.

 

Претходна објаваИстражување во САД: Пикапите се погубни за другите, а малите автомобили за своите возачи
Следна објаваА2 повторно ќе биде најштедливиот Ауди, сега на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here