за

Lamborghini ги избриша сите постови на инстаграм, прави место за новиот модел

Lamborghini е „држава“ по бројот на следбеници на инстаграм, близу 34 милиони. Профилот во моментов е мошне скромен, со само 9 објави, сé е избришано.

Што се случува со Lamborghini? Дали и оваа луксузна марка е нападната од хакери? Сите објави на инстаграм исчезнаа без најава и без објаснување.

Првото на што човек може да помисли е дека станува збор за нов напад на хакерите врз луксузните марки. Ferrari неделава извести дека бил изложен на изнуда, за запленетите податоци од клиентите на марката да не доспеат каде што не треба. Дали нешто такво се случило и во Lamborghini? Или можеби се појавиле технички недоследности?

Само девет објави се поставени на профилот на Lamborghini на инстаграм, со 33,8 милиони следбеници.

Очигледно е дека тоа не е нешто што италијанската марка го нема испланирано. Во меѓувреме се поставуваат нови објави. Настарата објава е од пред четири денови и во неа е прикажанa Lamborghini Miura. Вчера се појавија уште две објави, со Hurracan Sterato и Urus Performante. Сите фотографии имаат ефект како телевизиска слика што се губи поради слаб прием.

Следбениците се загрижени и под секоја објава прашуваат што не е во ред. Lamborghini не одговара. Тоа не изгледа како да е хакерски напад.

Објаснувањето за овие чудни појави на профилот на Lamborghini ќе следи на 29-ти март

Вистинската причина за оваа наметната драма на инстаграм може да е најавеното претставување на новиот модел. На 29-ти март, во 19 часот, Lamborghini ќе го покаже наследникот на Aventador. Тоа е суперспортски автомобили, како сите останати модели од марката, но разликата е во тоа што на моторот V12 му се придружува електромотор – поточно, три електромотори – и штекер за полнење на батеријата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lamborghini (@lamborghini)

Моделот којшто Lamborghini го комуницира како LB744 користи приклучен хибриден погон. Се претпоставува дека новиот модел од врвот на понудата на марката од концернот Volkswagen ќе го носи името Revuelto. Значењето на овој шпански збор е „матено“, како матени јајца, но и нешто што е превртено. Тоа би требало да упатува кон приклучниот хибриден погон. Точното објаснување ќе го дознаеме на 29-ти март.

Lamborghini ја најави премиерата на новиот модел на друга друштевена мрежа, на твитер. Таму сé е во ред.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕУ и Германија се спогодија за е-горивата по 2035 година

Кој го одредува чувството при возење автомобил Toyota?