Германија постигна договор со Европската Унија, за клучниот закон со којшто се бара новите автомобили по 2035 година да бидат климатски неутрални. Со тоа се реши спорот, којшто се закануваше да го запре амбициозниот план на Унијата, за намалување на емисијата на стакленички гасови.
Договорот со којшто под одредени услови се дозволува нови возила со мотор со внатрешно согорување да се пуштаат во продажба по 2035 година, веднаш наиде на негодување кај опонентите.
Унијата и нејзината најсилна економија се разидоа околу планираното укинување на автомобилите што испуштаат СО2. Лидерите во последните неколку денови даваа знаци дека решението се ближи.
Германија бараше гаранции дека по крајниот рок ќе може да се продаваат автомобили со мотор со внатрешно согорување, доколку тие користат е-горива. Барањето доби поддршка од Porsche и од останатите чинители на моќната германска автоиндустрија.
„Постигнавме договор со Германија за користењето е-горива во автомобилите во иднина“, објави на твитер Франс Тимерманс, главен за политиката на ЕУ за климата.
We have found an agreement with Germany on the future use of efuels in cars.
We will work now on getting the CO2-standards for cars regulation adopted as soon as possible, and the Commission will follow-up swiftly with the necessary legal steps to implement recital 11.
— Frans Timmermans (@TimmermansEU) March 25, 2023
Германскиот министер за сообраќај Фолкер Висинг кажа дека со спогодбата што беше постигната доцна во петокот „е чист патот“.
„Возилата со мотор со внатрешно согорување уште ќе може да се регистрираат како нови, по 2023 година, доколку во нив се точи исклучиво СО2-неутрално гориво,“ пишува Висинг во објавата на твитер.
Со спогодбата, Германија формално може да го одобри договорот што беше постигнат во октомври и со којшто се бара новите автомобили да бидат со нулта емисија на штетни материи. Тоа е главниот столб во плановите на ЕУ за постигнување климатска неутралност до 2050 година.
Гласањето во почетокот на месецов, коешто требаше да биде обична процедура, беше одложено поради приговорите од партијата ФДП на Висинг, којашто е про-бизнис ориентирана.
Спогодбата со Германија не го менува текстот на законот, којшто беше договорен меѓу претставниците на државите членки и на Европскиот Парламент во минатата година. Откако министрите ќе стават потписи, Комисијата ќе соопшти повеќе подробности за следните чекори, за да се внесе исклучокот за е-горивата.
Гласањето, коешто се очекува да се одржи во вторник, кога министрите за енергија одржуваат состанок во Брисел, треба да помине со добиената поддршка од Германија. Земјите што се противат нема да бидат во можност да постигнат доволно големо мнозинство, за да го запрат прогресот. Италија бараше дополнителни гаранции, меѓу другото и автомобилите што користат биогорива да може да се изземат.
„Битката за технолошка неутралност е добиена, и таа е предуслов за биогоривата да бидат прифатени,“ изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони во петокот, по самитот на лидерите на ЕУ. „Ние исто така покажуваме дека биогоривата имаат нулта емисија и нема потреба да се влегува во техничките детали. Доколку технологијата ја постигне целта, таа може да се користи.“
Дел од производителите на автомобили во Германија оценија дека е предолго времето до закажаното повторно читање на законот во 2026 година, на коешто ќе се оценува како Унијата напредува со возилата со нулта емисија
Активистите за заштита на животната средина се разлутија од одлуката на Германија да го запре планот за емисијата на СО2 и предупредија дека промените можат да го запрат напредокот кон пошироко користеење електричен и други видови погон со нулта емисија.
Бенџамин Стефан од Гринпис кажува дека спогодбата е чекор назад во заштитата на климата. „Овој смрдлив компромис ја минира заштитата на климата во транспортот и на Европа ѝ нанесува штета,“ порачува активистот.
Тој вели дека спогодбата го одвлекува автомобилста индустрија од фокусирањето кон ефикасна електромобилност, објаснува Стефан.
Паскал Канфен, директор на комитетот за животна средина на Европскиот Парламент, ја повикува комисијата да даде осигурување дека идните закони за е-горивата ќе го почитуваат договорот што беше постигнат лани, за стандардите околу емисијата од автомобилите. Иако улогата на Парламентот во натамошниот тек на процесот е ограничена, тој сепак може да го блокира идниот закон.
No combustion cars 🚗💨 in 2035: Deal up in smoke?
"This is completely unprecedented! The credibility of Europe's climate agenda is at stake, but also the credibility of Scholz 🇩🇪 as a European partner" @juliepolie @transenv
Watch #BrusselsMyLove, all weekend on @euronews pic.twitter.com/NUtT38es1M— euronews (@euronews) March 12, 2023
„Автомобилскиот сектор во целост се посвети кон електирчните автомобили, што прави сегашната дебата да биде апсурдна и наштетува на името на Германија“, кажа во саботата Михаел Блос, член на Еевропскиот парламент од германската Зелена Партија. „Сега е време да се извршат поправки.“