Најголемиот производител на автомобили во Русија претстави два нови модела на московскиот автосалон. Обата модела се одликуваат со современ дизајн, што досега не беше својствено за Lada.
Прва од двете премиери е моделот Vesta, развиен под режија на новиот сопственик Renault-Nissan, којшто од следната година ќе го замени актуелниот модел Priora, со основа уште од Lada 110. Лимузината од компактната класасе одликува со модерен дизајн и мошне храбро изведени линии по страните на каросеријата. Со овој модел Русите планираат да се вратат на големата сцена на мотоспортот, во трките за светскиот шампионат на туристички возила. Возачите Роб Хаф и Џејмс Томсон ја претставија нивната жолта Vesta за трки.
Производството на Vesta ќе стартува напролет следната година во фабриката во Ижевск, каде што се произведува и Nissan Sentra, моделот на јапонската марка што се базира на техника од Lada. Купувачите ќе мора да се стрпат малку подолго за Lada Xray. Кросоверот на база на Vesta ќе се најде во продажните салони во 2016 година, а неговото производство ќе се одвива во матичната фабрика на AvtoVAZ во Тољати.
















