Во Флет Рок денес започна производството на новиот Ford Mustang, којшто за првпат ќе се продава на глобално ниво, на 120 пазари во светот. Производството за Европа стартува во март в година.
За прв пат во 50-годишната историја на легендарниот спортски автомобил, Ford Mustang ќе се продава во целиот свет, на вкупно 120 пазари. Во април Ford го одбележа 50-от роденден на Mustang. Во знак на овој јубилеј, секој примерок од шестата генерација на Mustang што ќе се произведе во 2015 година ќе носи посебна плочка на арматурната табла, со галопирачкото пони и со зборовите „Mustang – since 1964.“
Со преку 3.200 филмски и телевизиски настапи, Ford Mustang буквално е олицетворение на страста кон автомобилите. Во половината век, Ford произведе преку 9,2 милиони примероци од моделот. Новиот Mustang ќе биде достапен во две каросериски изведби, како купе и како кабриолет, со избор од два моќни мотора – петлитарски V8 со 426 КС и „европски“ 2,3-литарски четирицилиндарец со турбонатполнење и 309 КС.
















