за

Додека трае најава на дневник Koenigsegg ќе забрза до 400 и ќе запре

koenigsegg regera rekord 400
koenigsegg regera rekord 400

На воениот аеродром Рада, длабоко во шведските шуми, Koenigsegg постави нов светски рекорд за спринт од место до 400 km/h и повторно запирање во место. Koenigsegg Regera ја совлада оваа ексклузивна дисциплина за 31,49 секунди.

Новото време е 1,8 секунда покусо од претходниот рекорд на Agera RS пред две години. Шефот Кристијан фон Кенигсег верува дека неговиот автомобил во подобри услови може да постигне уште повеќе.

Фабричкиот возач Сони Персон го постави новиот рекорд по близу две години откако со стандардна изведба на Agera RS извозе фантастични 33,29 секунди за спринт 0-400-0 km/h во Невада.

Ова беше одлична можност да се покаже вистинската способност на уникатниот преносен механизам Direct-Drive на Regera. Бидејќи Regera има само еден степен на пренос, моравме да го користиме од место до рекордната крајна брзина од 403 km/h (или 250 mph), ограничено само од бројот на вртежи на моторот.
Кристијан фон Кенигсег, сопственик и шеф на Koenigsegg

Regera е развиена според принципот „кој прв ќе постигне 400 km/h, победува“. Швеѓаните откриваат дека главното внимание било посветено на забрзувањето и возливоста меѓу 0 и 400 km/h. Според фон Кенигсег, „Regera забрзува во конкретното брзинско подрачје подобро од било кој друг сериски автомобил за којшто имаме слушнато.“

Подвигот има посебно значење затоа што станува збор за сериски модел, со сета луксузна опрема што се вградува во него. Единствената измена беше вградениот ролбар и безбедносниот ремен во четири точки за возачот.

Пистата во напуштената воздушна база е долга 2.000 метри и се наоѓа на надморска висина од 70 метри. Тимот за уривање рекорди дополнително ги искористи тристоте метри од „патеката за ролање“, за целиот потфат да биде доволно безбеден.

Можело да се постигне уште подобро време, бидејќи пистата не се користи и извалкана е, а дополнително требало да се избегнуваат и неколку подрачја во коишто има груби оштетувања во асфалтот.

Regera и покрај тоа забрза до 400 km/h за 22,87 секунди, на растојание од 1.613,2 метри. За запирањето биле потребни 8,62 секунди и растојание од 435,26 метри. Вкупниот пат за потфатот е долг 2.046,46 метри.

Koenigsegg Regera комбинира твин-турбо V8 со три електромотори и најнапредна батериска техника, во погонска спрега наречена Koenigsegg Direct Drive, за којашто е поднесен патент. Со оваа револуционерна технологија нема потреба од обичен менувач, поради што Regera е полесна, поефикасна и позабавна за возење, во споредба со другите хиперспортски автомобили што користат хибридна погонска спрега.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW X1 xdrive25e плагин хибрид

Новиот BMW X1 со приклучен хибрид има 57 km возење на струја

Toyota sobir milionska kilometraza

Toyota во Германија организира средба со возачките милионери