за

Новиот BMW X1 со приклучен хибрид има 57 km возење на струја

BMW X1 xdrive25e плагин хибрид
BMW X1 xdrive25e плагин хибрид

BMW X1 со два мотори, погон на сите тркала, па уште и можност цел ден да се вози само на струја? Компактниот СУВ на баварците во новата генерација првпат се нуди во изведба со приклучен хибриден погон.

Новата генерација на BMW X1 подготвено го дочека стартот на продажбата на Audi Q3 и почетокот на нарачките за новиот Mercedes GLB. Во изведбата со приклучен хибрид и ознака xDrive25e, што првпат е достапна во оваа моделска серија, X1 може да мине 57 километри на струја, пред да се вклучи бензинецот.

Погонот имавме можност да го тестираме минатата седмица во Mini Cooper S E Countryman All4, и вистина изминавме солидна вкупна тура и со досегот од четириесетина километри. Станува збор за мошне оригинален принцип: Моторот ги задвижува предните тркала, електромоторот задните. На тој начин се реализира погон на сите тркала, а воедно преку можноста за брзо активирање на електромоторот се постигнува и одлична контрола на стабилноста, како и на динамиката.

New item by Automedia MK / Google Photos

Главниот новитет во погонот е во новата генерација батерии, којашто исто така користи литиум-јон технологија, но со напредокот на техниката се постигнува поголема енергетска густина. Со други зборови, батерија со иста големина, сега акумулира повеќе енергија. Наспроти 7,6 kWh во претходната верзија, новата батерија располага со капацитет од 9,7 kWh – тоа се околу 27% повеќе. Сличен напредок имаше и при последното моделско освежување кај BMW i3, односно i8.

Погон на бензин за предните тркала и погон на струја за задната оска – и сите забавни (и безбедни) комбинации што може да ги произведе оваа необична погонска спрега

Погонот се состои од 1,5-литарски трицилиндарец со турбо натполнење, моќност од 125 КС и вртежен момент од 220 Nm, во комбинација со електромотор со 70 kW/95 КС и 165 Nm. Бензинецот кој во основата е ист со моторот во BMW i8, испорачува погон до предните тркала преку 6-степен Strotronic. Системската моќност изнесува 220 КС, а вртежниот момент 385 Nm. Спринтот на BMW X1 xDrive25e до темпо сто трае 7,0 секунди. Електромоторот се покажува од помош и при забрзување и при секое посилно оптоварување. Крајната брзина изнесува 192 km/h.

New item by Automedia MK / Google Photos

Полнењето на обичен приклучок за струја трае околу 5 часови, додека при користење посебен полнач, времето се скусува на околу 3,5 часови. Исто како и досега, и исто како во Countryman, возачот можа да избира меѓу Auto eDrive, кога интелигенцијата на погонот се грижи за најдобра ефикасност, без жртвување на штедливоста или Max eDrive, кога погонот на струја дозволува возење со брзина до 125 km/h.

New item by Automedia MK / Google Photos

Третата опција е Save Battery, којашто обично се користи при спуштање, за поинтензивно полнење на батеријата под дејство на инерција. Со оваа опција, во Mini на тест успеавме да „произведеме“ 15 km енергија спуштајќи се од Скопска Црна Гора. Дополнително може да се влијае и врз подвојзето, односно да се избере комфорно, спортско или нагласено штедливо возење.

Згодна е можноста за вклучување на климата во избрано време, за кабината да биде точно загреана или изладена при поаѓањето

При возење со брзина до 30 km/h, посебен генератор на звук ги предупредува пешаците и велосипедистите за присуството на X1, додека вози нечујно на струја. Уште една посебност на моделската изведба со приклучен хибрид е можност климата да се вклучи во одредено време, за кабината да се разлади или загрее пред да започне возењето. Истото може да се направи и преку мобилна апликација.

New item by Automedia MK / Google Photos

BMW го нуди X1 xDrive25e во изведбите Advantage, Sport Line, xLine или M Sport. Стартот на производството е во следната пролет.

Заедно со новиот X1, вкупно осум моделски серии на BMW се достапни во изведба со плагин-хибриден погон: BMW 225xe Active Tourer, BMW 330e, BMW 530e (xDrive), BMW 745e (Le), BMW i8 Coupe, BMW i8 Roadster и BMW X5 xDrive45e.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes Classic календар 2020 автомобили

Mercedes календар за 2020 со „Цела година автомобили од соништата“

koenigsegg regera rekord 400

Додека трае најава на дневник Koenigsegg ќе забрза до 400 и ќе запре