
Продажбата на најголемиот автомобилски пазар во светот во август опадна за 24 проценти, на 1,54 милион возила, соопшти кинеското здружение за патнички автомобили на 8-ми септември. Сметајќи од почетокот на годината, пазарот е опаднат за преку една петина, во услови кога народот поради долготрајната криза со недвижнините се воздржува од големи трошоци.
Производителите на автомобили во Кина бараат решенија на сите страни, за да надоместат за слабиот домашен пазар. Нивниот извоз во минатиот месец пораснал за 78 проценти, на 888.000 возила. За извоз сега заминуваат 38 проценти од сите произведени возила во земјата, наспроти една петина во минатата година.
Бројките покажуваат колкаво е значењето на извозните пазари за да се преживее во бизнисот. Компаниите што имаат капацитети на располагање, но и ресурси, го зголемуваат својот удел што го зафаќаат на пазарите како Европа или Јужна Америка. Домашните марки што продаваат исклучиво во земјата, се наоѓаат под сé посилни притисоци.
БИД штотуку ја помести целта на извозот за годинава и сега се движи кон 2 милиони возила, што се за половина милион повеќе автомобили на компанијата на странските пазари, наспроти првичните планови.
Производителот на лимузината Долфин, Сил и Си Лајон во август беше најголем извозник на возила со електрифициран погон од Кина, со преку 184.000 продажби на странските пазари. Наспроти тоа, од околу 86.000 електрични возила на Тесла што се произведени во фабриката во Шангај, на брод биле качени 36.000 возила.
Во мерѓувреме, агресивното соборување на цените во Кина предизвикува сé поголема финансиска штета во автомобилската бранша во земјата. Профитот во првите седум месеци е опаднат на 3,6 проценти. Тоа е далеку зад 6,5 проценти, колку што постигнува целата индустрија во Кина.
Ваквиот развој притиска од две страни врз производителите на возила во Кина. Производителите на автомобили се соочени со поскапување на влезните трошоци – додека снабдувачите со обоени метали и полупроводници бараат повисоки цени – а во исто време, пазарот бара постојани и сé поголеми попусти, за да се задржи продажбата.














