Kia го произведе милионитиот автомобил во САД

По четири години од почетокот на работата на фабриката во Вест Поинт, Kia веќе произведе еден милион возила на американскиот континент.

Јубилејното возило од фабриката во Џорџија е спортскиот теренец Kia Sorento во каросерија во бисерно бела боја. Јужнокорејскиот производител инвестирале една милијарда долари во фабриката која што започна со работа во неомври 2009 година, прво со теренецот Sorento, а две години подоцна и со лимузината Optima, која што за кус временски период стана најпродаван модел на марката на американскиот пазар.

На почетокот на минатата година Kia го зголеми производствениот капацитет во фабриката со повеќе од 3.000 вработени на 360.000 возила годишно. Со ангажманот на Kia досега се создадоа повеќе од единаесет директно и индиректно поврзани работни места во Вест Поинт.

Претходна објаваФеноменот на сервисните повици во САД
Следна објаваКорисници на Toyota Prius се тркаат во штедење

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here