за

Корисници на Toyota Prius се тркаат во штедење

Toyota започна 30-дневен натпревар во САД во кој корисниците на хибридот Prius Plug-In треба да потрошат колку е можно помалку гориво. Претходниот победник трошеше 0,6 литри.

Во рамките на натпреварот што Toyota го организира во САД, секој учесник мора да извози најмалку 428 километри во целиот период, односно околу 120 километри неделно. Победува тој што ќе има најниска вредност за просечната потрошувачка според патниот компјутер. Првопласираниот добива 2.500 долари, а вториот и третиот најдобар возач по 1.000, односно 500 долари. Секој учесник добива од Toyota и вредносен бон од 200 долари за гориво.

Целта на натпреварот е да се зголеми довербата кај корисниците и заинтересираните купувачи во штедливоста и искористливоста на унапредената варијанта на хибридот Prius, која што дополнително има можност за полнење на батериите со приклучок во струја, односно поседува продолжена автономија при погон само на струја, за разлика од стандардниот Prius, кој што во електро модус во практика минува меѓу 1,5 и 2 километри зависно од условите на возење. Prius Plug-In Hybrid или уште Prius PIH, со енергијата во батериите минува до 18 километри, пред на помош да се вклучи бензинецот и потоа да реаботи комбинирано со електромоторот. Кога возилото ќе се приклучи на полнење дома или на работа, батериите се подготвени за следните 18 километри за само 1,5 час.

Во претходната фаза од натпреварот победникот извозе повеќе од 810 километри со просечна потрошувачка на гориво од 0,66 литри бензин на сто километри, што е за 0,9 литри помалку од тоа што го декларира фабриката.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia го произведе милионитиот автомобил во САД

Volkswagen ќе произведе дополнителна серија од еднолитарскиот автомобил