за

Февруарската продажба на Kia напредувала за близу 15 проценти

Вкупно продадени 254.027 автомобили Kia во февруари, за 14,7 проценти повеќе отколку лани. Секој седми автомобил е Sportage.

Тоа се веќе сигурни знаци дека кризата со микрочипови во браншата попушта и производството се враќа во форма. Kia во февруари ја зголемила продажбата за 14,7 проценти во споредба со истиот месец лани. Домашниот пазар на марката е речиси во еуфорија, со продажба зголемена за повеќе од четвртина.

Kia во најкусиот месец во годината постигнала 203.708 продажби на своите извозни пазари (+12,9%) и уште 50.016 возила на корејскиот пазар (+26,9 проценти). Возилата за посебна намена не се вклучени во продажната стастистика.

Најбаран модел во февруари останува СУВ-бестселерот Sportage, со рекордни 37.945 примероци. Вториот автомобил исто така е СУВ, станува збор за уште еден светски модел, Seltos, којшто межу другото постигнува одличен успех вo САД. Во февруари се продадени 26.598 примероци од овој модел, трет е K3, со техника слична со европскиот Ceed, со 18.558 продадени возила.

Вториот месец од годината ѝ донесе раст на Kia на сите клучни пазари, посебно во Северна Америка, Европа, Средниот Исток, Африка и Индија. За годинава, корејската марка цели на 3,2 милиони возила. Главниот нагласок се става на конкурентните нови модели, меѓу кои и луксузниот СУВ-модел EV9, целосно електричен, позициониран две класи над EV6.

Корејскиот пазар посебно си ја почитува домашната марка и воедно укажува на високиот стандард во земјата. Луксузниот кросовер-ван Carnival ја предводи домашната продажба со рекордни 6.039 примероци. Компактниот СУВ-модел Sportage таму е втор најпродаван модел со 5.689 примероци, трет е СУВ-моделот Seltos со 5.552 примероци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Во натамошниот тек на годинта, Kia очекува дека ќе продолжи да попушта тесното грло во снабдувањето со микрочипови и делови. Како што ќе се подобруваат условите на пазарот, така ќе се зголемува производството, ќе се лансираат нови модели и ќе се зголемува профитабилноста.

Годинава Киа Македонија почнува со продажба на хибридните и електричните модели на Kia, доаѓаат Niro, EV6

Електрификацијата продолжува со уште посилно темпо, а продолжува и преоѓањето на компанијата од класичен производител на возила, во конмпанија што нуди сеопфатни услуги од подрачјето на мобилноста.

Кон крајот на март, Kia ќе ја одржи светската премиера на луксузниот СУВ-модел со целосно електричен погон EV9. Паралелно се прошируваат и пазарите на коишто ќе биде достапен шампионскиот EV6, меѓу другото и носител на насловот на автомобил на годината во Европа.

Kia го најавува EV9 како автомобил што нуди единствено искуство во возењето со електричен погон и цели да постигне револуција во тој дел од пазарот, со мошне свеж пристап во изведувањето на внатрешноста и во дизајнот на секое подрачје од возилото. Електричната деветка ќе нуди уште едно ниво на автономно возење повисоко, односно ниво 3, коешто е веќе на праг на целосното возење, кога возачот воопшто не мора да го држи воланот.

Kia Македонија напролет почнува со електрификација на понудата од модели

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi против Tesla, почна трката

Саудиски нафташи вложуваат во моторите на Renault и Geely