за

Саудиски нафташи вложуваат во моторите на Renault и Geely

Нафтениот гигант Saudi Aramco ќе го подржува развојот на вештачки горива и водород, со цел да го заштити својот бизнис, додека електромобилноста е во подем.

Saudi Aramco ќе преземе малцински удел во идниот заеднички огранок на групацијата Renault и кинескиот холдинг Geely, којшто ќе биде посветен на бизнисот со возила со класични мотори со внатрешно согорување. Нафтениот див бара можности за да вложува во погонски технологии.

Ројтерс во јануари објави дека Aramcо е во напредни преговори за да учествува со удел до 20 проценти во заедничката компанија. Таа ќе развива и произведува мотори со внатрешно согорување и хибридни погонски технологии. Renault ја нарече компанијата „ Horse“ (коњ, коњски сили), меѓутоа ова име не беше спомнато во објавата дека е постигнат договор од вторникот.

Geely и Renault ќе задржат еднаков удел во новата независна компанија, се наведува во соопштението, но во него не се наведува колкав ќе биде уделот на партнерите, исто како и висината на вложувањето од Aramco.

Заедничката компанија ќе има за цел развој на штедливи бензински мотори и хибридни системи, во време кога автомобилската индустрија ги насочува сите свои инвестиции во скапото преоѓање на целосно електирични возила.

Renault исто така планира, својот бизнис со возила со целосно електричен погон, да го понуди на берзата преку почетно јавно наддавање. Тој огранок се води под името Ampere и дел е од далекусежното реструктурирање, во коешто е вклучено и обновување на сојузот со Nissan.

„Ова партнерство со Aramco ќе овозможи нашата нова компанија за мотори да има за една глава предност во трката за погонска технологија со исклучително ниска емисија“, кажува извршниот директор Лука де Мео во соопштението.

Со оваа зделка, Aramco е првиот голем производител на нафта, што вложува во бизнисот со автомобили, во време кога подемот на електричните автомобили се заканува да ја намали побарувачката за обичните горива.

„Влезот на Aramco става на маса уникатна технологија, којашто ќе ни помогне да развиеме рецолуционерни иновации во подрачјето на синтетските горива и водородот,“ порачува Де Мео.

Aramco лани објави партнерство со концернот на Kia и Hyundai, во чијшто рамки ќе се истражува на полето на напредни горива, што ќе се користат во возила со хибриден погон, со цел да се смали емисијата на СО2.

Партнерството со Renault, за кинескиот холдинг Geely (Volvo, smart, Lotus …) претставува нова можност за проширување на неговото присуство надвор од Кина. Geely претходно објави дека постигнал договор со Mercedes-Benz за развој на мотори за хибридни системи. Основачот на Geely, Ерик Ли, поседува и акции во германската компанија.

Новата компанија Renault-Geely-Aramco ќе располага со капацитет за производство на повеќе од 5 милиони возила со бензински, хибриден и приклучен хибриден погон годишно, вклучувајќи и менувачи.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Февруарската продажба на Kia напредувала за близу 15 проценти

ЕУ се бори да ја спаси забраната за мотори, откако Германија се закани со блокада