за

ЕУ се бори да ја спаси забраната за мотори, откако Германија се закани со блокада

Службени лица на ЕУ се надеваат дека ќе ја разубедат Германија и ќе ѝ обезбедат гаранции дека Комисијата ќе предложи исклучок за синтетски горива што не се штетни за климата.

Европската Унија се бори за спас на планот за целосна забрана на продажбата на нови возила со мотор со внатрешно согорување по 2035 година, откако Германија и Италија се заканија дека ќе ја блокираат спогодбата.

Германија може да прифати компромис, доколку добие гаранции дека ќе се направи исклучок од правилата, што ќе важи за е-горивата. Тоа го откриваат лица што се упатени во проблематиката.

Германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг, говорел со Франс Тимерманс, шеф за клима на ЕУ, за овој предлог да се вклучи во обемните преговори. Тоа го кажуваат лица што не сакаат да им биде откриен идентитетот, затоа што се работи за приватни разговори.

Интервенцијата од германското миннистерство за транспорт во последна минута, ги враќа преговорите на почетната точка, од фазата којашто обично е само формалност, пред да се донесат законите.

Подготовките за гласањето во вторникот се одложени за петок, поради заканата од Германија дека ќе се воздржи од гласање, и од Италија, чијшто политичари наведуваат дека ќе ги одбијат правилата за СО2 за коишто беше постигнат договор лани. Без да се постигне мнозинство меѓу земјите членки, законите не може да се донесат.

Големо е разочарувањето во Европската Комисија, од тоа што Германија излегува со приговори во оваа фаза, откако лани во јули се сложи со ставовите на советот

Германија во октомври учествуваше во конечната спогодба со парламентот и симптоматично е тоа што сега се заканува со блокада, по таканаречниот трилог-договор.

Додека на противењето на Италија повеќе се гледа како чин на тврдоглавост, службени лица на ЕУ се надеваат дека Германија може да се разубеди, доколку добие гаранции дека Комисијата ќе предложи исклучок за синтетски горива што се неутрални за климата, пред следното разгледување на законите во 2026 година.

Сомневање дека е-горивата се вистинско решение

И покрај поддршката од Германија, постои сомневање дека е-горивата навистина може да придонесат да се намалат емисиите на штетни материи од патниот сообраќај. Вештачките горива во моментов се многу поскапи од фосилните бензин и дизел горива, а се произведуваат незначителни количини.

Во твитот се споредуваат мотор со внатрешно согорување и електромотор: Во втората колона се наведува бројот на делови, во третата колона е процентот на неискористена енергија, последната колона е за локалната емисија на штетни материи

https://twitter.com/Naturschuetzen/status/1631297217083392005?s=20

Автомобилската индустрија учествува со околу 5 проценти во националната економија и вработува повеќе од 800.000 лица. Во земјата постојат бројни добавувачи, што со децениии ги снабдуваат фабриките со компоненти. Илјадници погони на добавувачите произведуваат менувачи, издувни системи и делови за мотори, коишто се непотребни кај автомобилите со електричен погон.

Производителите на автомобили веќе одамна се префрлија на патот што води кон иднината во којашто сите возила ќе се движат на струја. Во развојот на нови модели и во производството на батерии, вложени се стотици милијарди евра и уште толку повеќе се вложуваат.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Саудиски нафташи вложуваат во моторите на Renault и Geely

Audi може да искористи 85 проценти од челикот од старите автомобили