за

Ноември ѝ донесе рекордна продажба на Kia во Америка

Kia Sportage втор месец по ред постигнува трицифрено зголемување на продажбата на пазарот во САД.

Покрај глобалниот бестселер на Kia, на големиот пазар преку океанот масивно напредуваат и електричните модели. Во последните пет месеци, тие имале или двоцифрен или трицифрен раст во споредба со лани.

Американскиот огранок на Kia објави дека годинава во ноември продал повеќе возила од која било година претходно во истиот месец, откако марката е присутна на тамошниот пазар. Конкетно станува збор за продадени 56.703 возила, што е за 8 проценти повеќе во споредба со претходниот ноемвриски рекорд, којшто беше постигнат во 2016 година. Во споредба со истиот месец лани, пак, разликата е дури 25,1 проценти.

Втор месец во низа, продажбата на Kia на пазарот во САД ја предводи Sportage. Напредокот во продажбата во споредба со ноември лани изнесува 144 проценти. За рекордниот месец придонесе и високата продажба на хибридни и електрични модели на Kia, коишто во последните три месеци постојано постигнуваа двоцифрен или трицифрен раст. Разликата кај нив изнесува +133 проценти во споредба со ноември лани.

Ноемврискиот рекорд следи откако и во претходниот месец беше постигната подобра продажба од кога било досега на пазарот во САД. Третиот квартал годинава исто така е најдобар квартал за Kia на големиот американски пазар.

Во претходните месеци, моделите на Kia постојано освојуваа награди што се релевантни за пазарот во САД и учествуваа на бројни настани:

  • Kia EV6 е финалист во изборот на 2023 North American Utility Vehicle of the Year.
  • Kia вдоми најмногу победи за своите модели, вкупно пет модели, во истражување на остаточната вредност на моделите од страна на J.D. Power. Победија Telluride (СУВ од средна класа со три реда седишта), Sportage (компактен СУВ), K5 (средна класа), Soul (микро СУВ) и Rio (градски автомобили).
  • Kia учествуваше на Electrify Expo Austin, како последен во серијата од пет настани ширум САД на коишто лидерите во електрификацијата пред јавноста ги споделуваа искуствата со електричните автомобили.

Продажба на моделите на Kia на пазарот во САД во 2022 година

Ноември ’22 Јануари – Ноември ’22
Модел 2022 2022
EV6 641 19391
Rio 2591 24638
Forte 9725 100731
K5/Optima 4520 62946
Cadenza N/A 1
Stinger 342 7415
K900 N/A N/A
Soul 4050 53277
Niro 3294 25171
Seltos 4095 40750
Sportage 10554 112170
Sorento 7204 79124
Telluride 8558 89033
Carnival/Sedona 1129 18480
Вкупно 56703 633127

Kia Sportage во октомври достигна близу 40.000 продадени примероци

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes EQS паркира самостојно, возач не е потребен

volkswagen id 4 амблем

Volkswagen се токми за фабрика за батерии во Канада