за

Приведени помошниците за бегството на екс-шефот на Renault Nissan

Приведени помошниците за бегството на екс-шефот на Nissan

Поранешниот шеф на Renault Nissan кон крајот на минатата година илегално ја напушти Јапонија, сокриен во кутија за музички инструмент. Во САД се приведени две лица под сомнение за учество во бегството.

Во САД се приведени две лица под сомнение дека му помагале на поранешниот шеф на Renault Nissan, Гарлос Гон, при неговото спектакуларно бегство од Јапонија.

Двајцата мажи се на возраст од 27 и 59 години, кои во средата биле приведени во Харвард, во сојузната американска држава Масачусетс, заради спречување на нивниот обид за бегство и избегнување на испораката пред јапонските судови. Мајкл и Питер Т., кои се татко и син, обвинети се во Јапонија поради соучесништво во бегството на Гон од земјата. Постои сомнение за уште едно лице, дека учествувало во бегството.

Карлос Гон, поранешен шеф на француско јапонската алијанса Renault Nissan Mitsubishi, беше приведен и обвинет на 19-ти ноември 2018 година, поради прекршување на берзанските правила.

Во април 2019 година, тој беше пуштен условно од истражниот затвор, под строг надзор. Гон кон крајот на декември, во сценарио зрело за филм за 007, ја прекрши условната казна и со приватен авион отпатува за Бејрут.

Тој се сокрил во голема кутија, којашто на аеродромот била пријавена како музички инструмент и поради тоа не минала низ скенер. Истрагата покажала дека 27-годишниот осомничен, повеќепати патувал во Јапонија пред бегството на Карлос Гон и имал средби со топ-менаџерот. Тој на 28-ми декември се чекирал во хотел во Токио, кадешто повторно имал средба со Гон.

Неколку денови подоцна, Мајкл Т. и уште еден осомничен допатувале во Јапонија носејќи две големи кутии. Тие се пријавиле како музичари и отседнале во хотел на аеродромот во Осака.

Бегство со приватен авион од Токио за Бејрут, преку Истанбул

Додека Мајкл Т. и третото осомничено лице патувале за Токио, Гон излегол од својата куќа и се упатил во хотелот, кадешто бил чекиран Питер Т.

Сите заедно го напуштиле хотелот. Питер Т. заминал со авионски лет за Кина, додека Гон и двајцата осомничени се упатиле кон хотелот во Осака.

Вечерта, од хотелот заминале само две лица, со куферите и со двете големи кутии. Гон не се забележува на снимките од камерите за надзор. Истражителите се сомневаат дека Гон бил сокриен во една од кутиите.

Приватниот авион летал за Турција. На 31-ви декември, Гон се јави од Либан и одржа протестен говор за јапонското судство, отфрлувајќи ги сите обвиненија и зборувајќи за завера против него. Карлос Гон поседува француско, либанско и бразилско државјанство.

Јапонија има спогодба за испорака на притвореници со САД, но не и со Либан. Тамошните власти, во јануари сепак му изрекоа на Гон забрана за излегување од земјата.

Како екс-шефот на Renault побегна сокриен во куфер за контрабас

Карлос Гон бегство Либан

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Инженери од авто-браншата измислуваат нови помагала во корона-кризата

Инженери од авто-браншата измислуваат помагала во корона-кризата

Volvo цени дека 180 километри на час е сосем доволно

Volvo цени дека 180 километри на час е сосем доволно