Видео канал со ветувачко име што се состои од зборовите сокол, гуру и хакер нуди совет како автомобилот да се претвори во Ferrari. Поточно, да звучи така. Секако дека сé е бесмислено, но се пропушта многу ако не се погледа ова видео
Кога официјалната автомобилска сцена ќе реши да си земе куса починка преку летото, вниманието почнуваат да го привлекуваат видеа со бомбастични наслови. Канал на Youtube, именуван HawkGuruHacker, тврди дека секој автомобил може да звучи како Ferrari. Близу пет милиони прегледи на видеото во период од два месеца, уверуваат дека вреди да се погледа.
Сомневањата почнуваат уште откако изумителот зема кутија принглс, како база за неговиот пронајдок. Потоа следат шприц, слушалки, медицинско црево, мп3-плеер, но уште не помислувате да прекинете со гледање.
Видеото вреди да се изгледа до крај само заради коментарите што следат по него, а коментарите се највредното што го нуди денешната медиумска сцена
Сепак е добро видеото да се изгледа до крај, затоа што во тој момент гледачот станува пресреќен што неговиот разум и перцепција функционираат сосем нормално. Уште една причина за видеото да се изгледа е тоа што ќе може вистински да се разберат многубројните коментари што следат под него. А, тогаш започнува вистинската забава, затоа што коментарите се највредното што денес може да го понудат медиумите. Нормално, сите се чувствуваат среќни и по читањето на коментарите.
Но, тука се јавува друго прашање. Со милион претплатници на неговиот видео канал на Youtube, овој Сокол Гуру Хакер секој месец заработува најмалку по неколку илјади долари, затоа што е очигледно дека сите сакаат да ги гледаат неговите „глупави“ видеа. Можеби тој и не е толку глупав колку што се прикажува. Продукцијата е врвна, а и „режисерот“ мајсторски знае да го погоди нервот.
















