за

Jaguar XJR и XFR-S ја почнуваат играта на мачка и глушец

Кога британската марка ќе напише R зад ознаката на своите модели, тоа значи дека се работи за лута спортска верзија. Две вакви лимузини ја почнуваат играта на мачка и глушец со конкурентите во класата.

Овие грабливи мачки ќе дивеат во сегментот кој досега беше резервиран за моделите AMG, M и S на Mercedes, BMW и Audi. Обете лимузини ќе возат со најсилната изведба на осумцилиндарецот со компресорско натполнење, со моќност од 550 КС и со вртежен момент од 680 њутнметри меѓу 2.500 и 5.500 вртежи. Вака широкото поставување на вртежниот момент гарантира во исто време релаксирано и исклучително динамично возење. Со систем старт-стоп, моторот според фабрика троши 11,6 литри на сто километри.

Новите спортски модели на благородната марка добиваат и спортски дотерано подвозје, посилни сопирачки и каросериски детали со динамичен изглед и аеродинамична функција. Максималната брзина на XJR со осумстепен автоматик од ZF изнесува 280 километри на час. Досега најсилната изведба XJ Supersport го користи истиот мотор, но во верзија со 510 КС.

XFR-S е најлута верзија на моделот од средната класа XF и со ограничена крајна брзина на 300 километри на час во моментов е најсилна и најбрза спортска лимузина на марката. Моделот располага со верзијата Quickshift на менувачот што се вградува и во F-Type, кој се одликува со посебно куси и прецизни одови. Осумстепениот автоматик самостојно ја приспособува стратегијата на менување на степените според ситуацијата во возењето – кога менувачот ќе препознае подинамично возење, тој ги менува степените на повисоки вртежи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Стартуваше производството на Skoda Rapid Spaceback

Штрајк во сите фабрики за автомобили во Јужна Африка